Поранешен наставник во основно училиште на 20. јануари го убил неговиот 67-годишен пријател по пијана расправија околу тоа што е супериорно, поезијата или прозата? Инцидентот се случил во регионот Свердловск во Русија.
„Книжевната дискусија набргу прераснала во банален конфликт, заради кој 53-годишниот љубител на поезија го убил неговиот опонент со нож", е официјалната изјава на полицијата.
Осомничениот избегал од неговиот дом во градот Ирбит, се скрил во куќата на пријател во блиско село, но наскоро бил пронајден и притворен. Тој се соочува со максимална казна од 15 години затвор.
Убиството се случува четири месеци по расправијата во врска со ликот и делото на Кант, која почна со тупаници и заврши со пукање на пиштол, но за среќа тогаш немаше жртви.