Dos-à-dos (француски, грб со грб) е таков вид подврзување со кое две одделни книги се споени во едно, при што нивните задни корици се залепени една со друга. Читате една, па ја вртите за 180 степени за да ја читате другата. Истиот термин некоректно се користи и кога се работи за една иста книга составена од два текста кои се читаат по истиот принцип, но притоа не се одделени со задна корица туку имаат заеднички „грб". Таквиот вид подврзување се нарекува tête-bêche или „од глава до петици".
Првиот метод датира најмалку од 16. век, но во текот на историјата доживувал (и се уште доживува) креативни варијации. Еве една - „грб со грб" кој спојува не две, туку шест книги во една.
Ерик Кваккел, историчар од Универзитетот во Лајден, Холандија, објаснува:
Ова не само што е прилично стара книга (подврзана во доцниот 16. век), туку таа содржи шест книги, сите уредно скриени внатре единствен подврз. Сите се религиозни текстови печатени во Германија во 1150-тите и 1570-тите, и секој од нив е затворен со сопствена спојувалка.
Целиот дизајн веднаш асоцира на некакво тајно знаење - можеби со комбинирање на текстовите по неокј одреден редослед се разоткрива некаков код или скриено богатство?
Во дигиталниот свет тоа би изгледало отприлика вака: