Се работи за осум плочи откриени во 1962 по пожар во просторија на кат во еден од најпознатите пабови во Лондон, Ye Old Cheshire Cheese Pub на улицата Флит, кои долго време биле држени во тајност. Џеки Кели, куратор во музејот вели дека заради нивната содржина едноставно не можеле јавно да бидат изложени, но дека тие даваат фасцинантен увид во сексуалната историја на Лондон.
Изложбата, која ќе се отвори во доцните ноќни часови и ќе биде само за оние над 18 години, ќе се вика „Доцен Лондон: градот на заведувањето“. На рељефите не е наведен датум, но според облеката и мебелот се претпоставува дека се од средината на 18. век. Направени се од гипс во Париз и иако биле направени од евтин материјал нивната цена заради прикажаните сцени најверојатно била висока. Тоа што биле најдени во паб најверојатно значи дека тој бил користен или како бордел или како „приватен слободоумен џентлменски клуб" (што и да е тоа).
Ние пак им се чудиме на Британците на паметот..што би рекол Вил Шекспир - многу врева за ништо (страшно).