Официјалниот сајт на Оскар Тускетс Бланка вели дека тој е „архитект по образование, дизајнер заради прилагодување, сликар по вокација и писател од потреба да се дружи". Роден 1941 во Барселона, тој е автор на голем број значајни објекти во градот. Во седумдесетите се дружел и соработувал со Дали, кого го нарекува негов учител и пријател. Под негово влијание почнал да се интересира за дизајн на мебел - Дали уште на почетокот на кариерата имал пополнето цели тетратки со скици за делови од намештај, за кои замислувал дека би можеле да се сместат во кино сали или да се користат како рекламна сценографија. Но она што тој практично не можел да го изведе го довршил Тускетс.
Деновиве стана популарно неговото последно дело, дизајнерска масичка со фиока, која е настаната под влијание на сликата на Дали од 1942 (види подолу). Во интерпретацијата на Тускетс се работи за маса направена од вистинска овца, препарирана од познатата компанија за таксидермија Дерој (Deyrolle), чии вработени му биле блиски соработници на Дали. Голем број од предметите кои тој ги користел при правењето слики, како лавови, мечки, ракови и лебеди биле препарирани токму од нив.
Во моментов се достапни сами дваесет вакви „овчји" маси, и само една уникатна верзија во црна боја. Сите масички имаат уникатни бронзени нозе, а само црната овца има бели, што е референца на позната каталонска изрека „црна овца со бели копита", и означува нешто невозможно. Масичките инаку се џабе - околу 60,000 евра една.
Уште некои од делата на Тускетс инспирирани од Дали:
„Жена со глава од ружи“ (1935) која е инспирација за столчето и клупата