Крис Бејкер е писател од Сан Франциско, кој пишува на теми од областа на технологијата во Слејт, а има своја видео серија Angry Nerd (2 сезони, 39 епизоди до сега) на Wired - кратки клипчиња на различни теми, од физиката во Тор, до тоа зошто не треба да има Лего на тема Хари Потер.
Во една од епизодите тој протестира против начинот на кој во Big Bang Theory се опишуваат токму луѓето како него. Ликовите се плитки, референците на поп културата се секогаш на „прва топка", а публиката не се смее, туку им се потсмева на научниците и надпросечно интелигентните, кои мора да се социјално неприлагодени и сексуално фрустрирани. Накратко, не е смешно, вели тој. Дур ние се кинеме од смеење гледајќи нова епизода.