$urreal е фејсбук страница посветена на „разоткривање и бојкотирање на нереалните цени кои ги наметнуваат баровите, рестораните и продавниците во Рио". Во наши пари тоа би биле 360 денари за тост, двојно повеќе за салата - клот марула, околу 400 денари за хамбургер кој содржи минијатурно краставиче и неколку компирчиња. Жителите на Рио одлучиле да го возвратат ударот, па откако најпродаваниот дневен весник О Глобо се нашалил дека на градот му е потребна сопствена валута, тие и ја создале. На банкнотата од 100 „надреали" (официјалната валута се вика реал) доминира ококорениот Дали наместо некои од вообичаените бразилски национални херои.
Страницата е полна со совети за намалување на трошоците и корисни информации: како да си понесеш сопствена столица на плажа наместо да изнајмуваш, список на такси возачи кои крадат со име и презиме, бојкотирање на скапи кафани. Почнуваат да се појавуваат и паралелни движења на отпорот, како Isorporzinho или „ладилници", кое се појавило кога една група пријатели си однеле сопствена кутија за ладење полна пијалоци и храна на најскапата плажа во Рио, каде мора да се купува од тамошните кафани. Наскоро вакви групи почнале да се појавуваат толку масовно, што било невозможно да се спречат.
Сега движењето се шири и надвор од Рио, со исти вакви фејсбук групи за Сао Паоло, Бразилија, па дури и Белем во Амазон. Нивното мото може и да биде: „Да бидеме нереални, да го бараме реалното".