Bookbox

Јужноамериканските Маи верувале дека се во вселената, од природниот свет до секојдневните искуства, е дел од една единствена моќна духовна сила. Не биле политеисти (како старите Грци) кои обожувале одделни богови, туку пантеисти кои верувале дека тие богови се манифестација на таа сила. Еден од нив се викал Ураган.

Deppenapostroph е колоквијално име на интерпункциски знак кој не е карактеристичен за германскиот, туку долго време е користен како влијание на англискиот. Сега високо лингвистичко тело во Германија го одобри, откако сфати дека премногу се раширил за да може да се игнорира.

Дали ви се има случено „Тетрис“ ефект?

Кога сте толку многу и толку долго задлабочени во една работа, посветувате големо количество време, напор и концентрација, што тоа нешто почнува да ви доминира во мислите, соништата и другите искуства кои не се директно поврзани со активноста. E, тогаш може да кажете дека сте „тетрисирани“.

Од каде името „сапун“?

Неодамна присуствувавме на работилница за правење природен сапун, каде во воведот се спомна нешто на што никогаш не сме помислиле - од каде името на плочката што пени и меури?

Девојчето што беше киднапирано од амазонски племиња

Еден од најзначајните антрополози на 20 век е можеби жена за која ретко кој слушнал. На 11-годишна возраст била киднапирана од племето Јаномамо, земјоделци од Амазон, па така знаела за што зборува кога го опишувала нивниот живот. Сепак, никој од академската заедница не ѝ обрнал внимание, иако нејзините искуства можеле да исправат некои погрешни претстави и да ѝ овозможат поспокоен живот, откако еднаш избегала во „цивилизација“.

Eволутивната причина зошто ни се потребни приказни

Од народни умотворби, до романи-бестселери и ТВ серии, нарациите се суштински за секоја заедница и за секој поединец во неа. Еволутивните психолози се обидуваат да сфатат зошто.

Подемот на бесмислените работни места

Она кога твоето работно место служи само за некој друг да има работно место. Или кога сите се преправаат дека нешто работат, а никој не е убеден во корисноста на тоа нешто. И така, секојдневно, само за машината да врти, а срањето да се трупа. 

Ништо од Нобел за литература оваа година

Тажна вест за сите оние кои мислеа дека можеби токму оваа е годината кога ќе го впишат Нобелот во своето книжевно си-ви. Повеќе среќа следната.

Aвторка на книга за покер која паузира од пишување затоа што ѝ тргнала карта

Американската новинарка и писателка Марија Коникова почнала да пишува прирачник за самопомош во кој вештините за играње покер се користат за донесување подобри одлуки во секојдневниот живот. Отпрвин играла колку да влезе во „филм“ и да биде упатена во правилата. Ама многу брзо работата станала сериозна. 

Џез легендите како културни амбасадори за време на Студената војна

Дизи Гилеспи, Луј Армстронг, Бени Гудман. Сите тие биле дел од напорите на владата на САД за културна дипломатија за време на Студената војна. Иако работите не се одвивале секогаш мазно.

Искрен трејлер за сите варијанти на искрени трејлери

На сајтов често сме објавувале тн. „искрени трејлери“, пародична серија на типични рекламни видеа преку кои се деконструира некој филм или специфичен жанр. Е сега тимот кои ги прави оди чекор понатаму, на сам себе се деконструирал.

Зависта е добра за општеството?

„Завист“ звучи како маана, и „народски“, и верски - сите поголеми религии ја сметаат за грев и карактеристика на нечисто срце. Па сепак, колку и да изгледа општествено корозивна, таа била вообичаен дел од човечките општества со милениуми. Работата е што тие, многу подобро од нас, знаеле како да ги искористат нејзините конструктивни страни. 

Книга која гарантира дека ќе ве успие

Не дека некои од нас имаат проблем да заспијат, дури и на нога. Но она што вообичаено го ветуваат книгите е обратното - дека се толку возбудливи што нема да можете да ги оставите. Оваа е малку поинаква.

„Последен портрет“ (2018)

Во овој филм не се случува (речиси) ништо. На моменти e и досаден. Но сепак вреди да се погледне, и тоа заради две нешта - Џефри Раш, и приказот на тоа колку е проклето тешко да создаваш уметност.

Последниот човек кој знаeл сè

Вообичаено за човек со широки интереси и познавања се вели дека е „жива енциклопедија“. Луѓе кои се детално упатени во некои области има и денес. Но такви кои знаат сè, повеќе од Гугл, се одамна изумрени. 

Ново работно место: политички коректни читачи

Издавачите, можеби превентивно, а можеби затоа што некогаш се изгореле, сега дуваат и на јогурт - ангажираат посебни читатели, кои се „сензитивни“ за некоректности од различен вид, и кои алармираат доколку забележат такви моменти во книга која допрва треба да се објави.

Нова верзија на Брајова азбука која може истовремено да ја читаат и оние со добар вид

Брајовата азбука и писмо денес на голем број слабовидни и слепи лица можеби им е надминато како средство за читање, бидејќи дигиталните апликации го презедоа приматот. И иако јавната поддршка за објавување материјали на Брајова азбука се уште постои (па и кај нас), на образовните програми за негово учење како да им треба освежување за 21 век.

Инсталација на Кејт Буш во чест на 200 години од раѓањето на Емили Бронте

Многу години по синглот „Оркански висови“ од нејзиниот дебитански албум од 1978, Кејт Буш по втор пат ќе ѝ оддаде признание на Емили Бронте, со стихови напишани во нејзина чест, врежани во камен.

Интероцепција, или кога си го слушаме телото

Oбично се вели дека во животот е најдобро да слушаш што ти вели срцето. Ретко кој од нас ова го сфаќа буквално. А би требало.

Користите ли „вишок“ зборови?

За среќа на сајтов никој не ни брои знаци и зборови, па тоа е едно гајле помалку. Но има (странски) медиуми и стручни списанија кои имаат многу строги правила околу должината на текстовите. Тоа подразбира „стегнат“ начин на изразување, што значи и исто таков начин на мислење. Дали ова е добро во смисла на ефикасност и прецизност, или напротив, го убива изразот?

Холандскиот град чиј назив постојано се менува

Leeuwarden, Ljouwert, Liwwadden, и уште стотици варијанти низ вековите - европскиот главен град на културата за 2018 е рекордер по број на имиња кои му биле давани низ историјата.

Се бара архивар за материјалите од оставштината на Принс

Поинформираните за она што сè останало необјавено по смртта на славниот музичар велат дека дури и сите негови официјални снимки случајно да исчезнат, тој повторно би бил сметан за музички гениј, само врз основа на огромното количество необјавен материјал. Него сега треба некој да го среди.

„Вкус“ денес не е човечка карактеристика, туку алгоритам

Може да се залажуваме дека она што го читаме, слушаме и купуваме е резултат на свесна одлука дека тоа се вклопува во нашиот изграден, софистициран и индивидуален вкус. Но дали бираме ние, или некој бира за нас?

Издадена специјална карта за метро посветена на Боуви

Не се знае дали, и колку често Боуви користел метро во Њујорк. Но неговата најблиска станица би била онаа на Бродвеј/Лафает во Сохо. Таа до 13 мај ќе биде дизајнирана во негова чест, а во тој период ќе можат да се купат и посебни Боуви билети, кои содржат музика.

„Книгоблок“ - она кога со месеци читаш една иста книга

Дијагноза: Bookblock
Симптоми: Тензични главоболки, хронична вознемиреност
Третман: Има само еден лек - откажи се дур не станало предоцна

„Девет ноќи“ од Бернардо Карваљо

2 август 1939. Млад американски етнолог, еден од „перјаниците“ на неговата генерација, пулен на славните професори Франц Боас и Рут Бенедикт, извршува самоубиство во амазонските прашуми. Прашањето до денес останува нерасчистено - зошто?

„Брилијантин“ - четириесет години подоцна

Tекстов можеби нема ништо да им значи на оние родени после 1980. Но можеби и тие би се навлекле на еден од најсаканите мјузикли на сите времиња, доколку го изгледаат денес.

50 години по Џони Кеш прв концерт во затворот Фолсом

Лос Тигрес дел Норте дошле во Америка пред пет децении и прв пат свиреле во затвор. За да ја одбележат оваа годишнина тие неодамна свиреа во Фолсом. Последен пат таму затворениците музика во живо слушнале исто така пред 50 години, кога им пееше Џони Кеш.

Koлку вреди зборот (буквално)?

Не е метафора, туку пазарно прашање: колку вреди трудот на пишувачите на текстови, истите оние кои ги читаме секојдневно по интернет?