Почина поетот Михаил Ренџов
8 октомври 2024
- Почина Михаил Ренџов, еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач, објави неговиот син, музичарот Петар Ренџов. Имаше 88 години.
- Ренџов завршил Правен факултет, но неговата голема љубов беа поезијата и литературата, па со години работел во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје и беше е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
- Автор е на дваесетина збирки поезија, меѓу кои и „Иселеник на огинот“ (поезија, 1965); „Ноќно растење на зборот“ (поезија,1967); „Каде од оваа страна“ (поезија, 1968, „Издишки“ (поезија, 2013). Го превел и епот „Гилгамеш“.