- „Зелената арка“ на 5 октомври (сабота) од 14 часот повикува на целодневен настан за прослава на петгодишнината од основањето на Општествената градина „Бостание“. Според најавата, од 14 до 15 часот ќе има работилници за деца, со изработки на семенски топчиња, страшило за птици и читање градинарски приказни.
- Потоа, од 15 до 18:30 часот ќе следува прошетка за претставување на градината, но и работилници за перма-модели во урбаното градинарство, за полезни микроорганизми, за собирање, сушење и складирање на семето, но и за природна козметика, сапун и тинктури.
- Музичката програма е предвидена да почне нешто после 15 часот со диџеј Марсо, а потоа ќе има и свирка на „Културно уметнички работници“, за на крај вечерта за заврши со диџеј Ишџан Твин.
Локација на линкот
- Зрно фестивал годинава ја завршува со впечатлива изложба на двајца професори од Академијата за уметност од Нови Сад. Таа ќе се одржи во сабота, 6 декември, во 19.30 часот, во салата Империјал 2, во КИЦ-Скопје.
- Во единството на делата на Јелена Ковачевиќ Воргучин и Предраг Узелац се отвора расправа за природата на трагите што ние луѓето ги оставаме. Узелац ги фаќа лицата на секојдневието во сребро, во материја што тврдоглаво памти, како да го штити она што светот лесно би го заборавил без аплауз — лицата на привидно обични луѓе со скриени подвизи, водени од сопствена етика, скромно, претставувајќи контрапункт на јавното мислење и наметнатите, непроверени вредности на современото општество.
- Јелена, напротив, ги прилепува сликите за тревата, во ткиво што ја прима светлината како космичка храна, каде хлорофилот го чува споменот на мајката онолку долго колку што природата му дозволува да ја предизвикува судбината на сеќавањето. Во нивниот диптих се среќаваат две вистини: потребата и немоќта животите да се сочуваат од заборав…Среброто и тревата, постојаноста и исчезнувањето, човекот и сеќавањето — сè се среќава во вечното прашање: што од светлината останува, а што се враќа во нејзината тишина.
- Во среда, трети декември, од 18 часот, авторот Сашо Алушевски ќе постави изложба од циклусот „На Мајката земја“ – шума, во мобилната-монтажна галерија, во Паркот на франкофонијата во Скопје.
- Преку суптилна деконструкција на лисја, земја, камен и вода, сликите ја расплетуваат врската меѓу визуелното и физичкото. Материјата се претвора во знак, а фотографијата — иако фиксирана — упорно одбива да биде статична. Таа сведочи за својата ограниченост, нудејќи простор каде што претставата и реалноста се разидуваат.
- Во реализацијата се користени природни материјали и повеќе аналогни фотографски техники: цијанотипија, Ван Дајк, гумотипија и гумомаслена техника, колодиум, мордансаж и лумен процеси.