На Меѓународниот ден на книгата и авторското право, 23.4

„Книгоблок“ - она кога со месеци читаш една иста книга

Дијагноза: Bookblock
Симптоми: Тензични главоболки, хронична вознемиреност
Третман: Има само еден лек - откажи се дур не станало предоцна

Стапка на заболеност:

Според анкета направена од лондонската Ридинг Ејџенси, 54% од 2000 испитани Британци минуваат и по три месеци читајќи некоја книга пред да се одлучат да кренат раце од неа

Па нели луѓе цело време читаат работи на мобилен?:

Ова не се важи. Зборуваме за читање книги, и тоа таква која и по неколку месеци се мачиш да ја довршиш

А зошто тогаш просто не ја оставиш?

Многумина не можат да го сторат ова. 22% од анкетираните инсистираат дека секоја книга што ќе се почне мора и да се заврши.

А има ли една книга која најчесто предизвикува „букблок“?

Да, 50 нијанси сиво, за неа најголем број Британци изјавиле дека ја почнале ама никогаш не ја дочитале. Следни на листата се „Господарот на прстените“ и „Хари Потер и редот на Фениксот“. Додуша на неа има и класици како Дикенс или Бронте.

А зошто тогаш воопшто да се чита ако ти е досадно?

39% рекле дека читаат заради ескапизам, за да бидат транспортирани на посреќно место.

Значи книгите се утеха?

Во време кога депресијата и анксиозноста „косат“, а настаните во светот прават луѓето да се збунети и уплашени, читањето никогаш не било поважно. Тоа може да има позитивно влијание врз здравјето, да поттикне емпатија, или ако ништо друго да биде партнер во цинизмот и меланхолијата.

Во секој случај не треба да се дочитува нешто во што не се ужива. Барем ако никој нема намера да те испрашува за истото.

Среќен Меѓународен ден на книгата!

23 април 2018 - 11:17