Пишувањето книга со свесна намера таа да биде здодевна и не е толку едноставна задача како што изгледа. Како ќе знаете дека темата за која ќе се фатите нема сепак некому да биде интересна?
Новоизлезено издание под наслов „Оваа книга ќе ве успие“, потпишана од Професор К. МекКој се опишува самото себеси не како спорадично, туку конзистентно здодевно. „Гарантираме дека секоја страница е ослободена од возбуда“, вели воведот. „Сите елементи кои би можеле да претставуваат предизвик или да бидат стимулирачки се отстранети, а текстот е дизајниран на таков начин кој го отапува мозокот, поттикнувајќи состојба на хипнотичка занесеност“.
Поглавјата се кратки, „густи“, и според содржината прилично досадни. На пример: Економска статистика од првите петолетки во СССР, Неколку факти за скратените патишта, или Железничко баждарење.
Најпрецизно во описот „здодевно“ е сепак поглавјето за тоа како биле градени пирамидите. Иако може на прво слушање да звучи интересно, есејот е всушност буквално набројување на камените блокови кои биле поставувани, од типот „А потоа беше поставен шестиот блок...после него седмиот“. Во поглавјето пак под наслов „Забележи ја разликата“ се нацртани точно 419 идентични пчели.
Оние кои имале можноста да ја прочитаат книгата која официјално излегува во Британија на 10 мај, велат дека по некое време човек се навлекува на неа. И да заспиеш, кога-тогаш пак ќе ѝ се вратиш.