Косуке Такаши е графичкиот дизајнер кој се обидува да го направи таквото освежување на Брајовата азбука. Тој го има измислено Braille Neue, „универзален фонт кој го комбинира Брајовото писмо со постечки карактери. Тој може да комуницира и со оние со добар вид и со слепите, во ист простор“.
Со други зборови, тој има дизајнирано читлива азбука кој овозможува препокривање на англиските букви со испакнатите Браеви точки. Така, навикнувајќи се на комбинацијата, оној кој може да ги види обете писма, всушност несвесно го учи и она Брајовото.
И други дизајнери се имаат обидено да го направат истото, но овој „тајпфејс“ на Такаши поддржува истовремено и јапонски карактери. Целта е тој да се употреби за Олимпијадата и Параолимпијадата во Токио во 2020.
Во меѓувреме, Braille Neue, базиран на постоечкиот Helvetica Neue, експериментира со евтини начини на печатење на овој фонт, кој истовремено е и ретро, и футуристички.