Буш во одбележувањето на јубилејот ќе им се придружи на поетесата Керол Ен Дафи, шкотската национална поетеса Џеки Кеј и писателката Џенет Винтерсон, во летен проект кој ќе биде посветен на сестрите Бронте, односно на двата века од раѓањето на Емили. Од сите четири било нарачано да напишат поезија или проза која потоа ќе биде изрезбана во камења, позиционирани над патот долг 12 километри помеѓу родното место на сестрите и нивниот семеен дом.
Винтерсон ќе го слави генерално делото на Бронте, Дафи ќе посвети стихови на Шарлот, Кеј на Ен, а Кејт Буш на Емили. Единствено дело на Емили е романот „Оркански висови“, кого го има објавено под псевдонимот Елис Бел. Проектот „Камењата на Бронте“ се случајно или не се поклопува и со 40 годишнината од излегувањето на истоимениот хит на Буш, неверојатната песна која таа ја има издадено кога имала само 18 години.
Нарачател на проектот е Брадфордскиот книжевен фестивал, кој ќе ги открие камењата во јули. Ова е меѓу ретките ангажмани на Буш, која во принцип избегнува да биде во центарот на вниманието. Кога по 35 години молк во 2014 таа најави серија настапи во живо, тоа беше дочекано френетично од страна на нејзините обожаватели.
На 8 јули ќе биде организирана и прошетка по спомнатата патека, насловена како „По стапките на Бронте“.
Повод повторно да ја слушнеме „Оркански висови“ на Буш: