Плоштадот во Леуварден е необична комбинација на митови и архитектонски зданија. Кулата Де Олдехове, незавршена кула од 16 век која се наоѓа на него, е толку свиткана што изгледа дека е навалена повеќе од онаа во Пиза. Тука се наоѓа и Националниот керамички музеј, реновирано старо здание полно со раритети од династијата Минг до Пикасо, кое истовремено некогаш бил дом на Ешер, графичкиот уметник кој создаваше оптички илузии на бескрајни скалила и водопади кои го зашеметуваат умот. А тука и е Градското собрание, каде прв пат била проширена легендата за Груте Пир, огромен пират со натчовечка сила, кој тргнал да го убива секој оној кој не е жител на овој регион.
Но уште почудно од ова е музеј под името „Земја на јазиците“, кој е посветен на илјадници јазици. Тоа е новоизграден објект за потребите на овогодишната програма на Европската престолнина на културата, во кој се претставени 6720 јазици, вклучително и фризискиот, јазикот кој се зборува во оваа провинција. И тоа што ваков музеј е отворен токму тука не е случајно, бидејќи Леуварден, или Ливаден, или Лееваден, Лувт, Леавард или Леордиа, како што бил нарекуван од 11-19 век, е познат како „Град со 100 имиња“. Освен тоа, се работи за билингвален регион, во кој се зборува и фризиски и холандски, а во самиот Лееуварден живеат 128 националности.
Тоа е една од причините за големата варијација на негови имиња на овој град, заради кои е впишан во Гинисовата книга на рекорди. Тоа е најретко населениот дел од земјата, и оваа изолираност била доволна причина тој низ историјата да биде место за населување на Франки, Холанѓани, Фламанци, Саксонци и Валонци. Ова културно „запрашување“ значело дека и изговорот на името на градот и неговата транскрипција варирало во зависност од јазикот на неговите жители.
Доказ за менувањето на името, кое има доживеано 225 варијанти, е архивата од 19 век на извесен Вопке Еекоф, син на филигранџија кој станал градски архивар во 1838. Тој бил првиот со ваква улога во Холандија, а нему мубило дадено јасно задолжение: да собере сè што можел да најде за историјата на градот и да создаде уметничка колекција. Така се дошло до два тома од по 400 страници историја на градот, во која е забележано дека имало периоди кога начинот на кој се пишувало името на градот се менувало на секои две години, од Livnvert во 1039 до Luweden во 1846. Сега останува светот, известувајќи за активностите на овогодишниот главен град на културата, да му го погодат вистинското.