Живот и забава

Ротшилд чистат шпајз

Кралски наследства, од мебел до уметнички дела, што некогаш им припаѓале на европските монархии, а кои којзнае колку децении дремеле во сефовите на семејството Ротшилд во јули ќе бидат дадени на аукција.

Детство не треба да се мине пред екран

Светските здравствени авторитети заземаа цврста линија во поглед на тоа колку време треба да им се дозволува на деца да минуваат заковани за екраните на смарфони и таблети. До 4 години, максимум саат време дневно.

На Џони Ротен му се случува Anarchy In L.A.

Панк иконата тешко се справува со анархијата која владее во Лос Анџелес и кризата со бездомници кои ги зафаќаат и богатите делови на градот.  „Не се заебавајте, јас се одрав од работа да си купам ваква куќа“, вели фронтменот на Секс Пистолс кому клошари почнаа да му дигаат шатори пред врата.

Ако на Инстаграм старлети не верувате, на кого ќе верувате?

Во време кога Инстаграм „инфлуенсери“ фотошопираат сè од своите одмори и општо животот, до своето тело, една 19-годишна моделка повика професионална помош за да ја докаже автентичноста на својот заштитен знак - задникот.

Треба враќање на менувачот, а не бркање автономни коли

Технологијата што требаше да нè спаси од дистракции како менување брзини или гледање ретровизор, на крај заврши со создавање далеку помалку внимателни возачи, кои сега само имаат повеќе време да го користат смартфонот додека се зад волан.

Германски парламентарци повикаа на заштита на христијаните

Проценувајќи дека прогонот на христијаните низ светот е во постојан раст, парламентарци од неколку германски политички партии побараа нивна посилна заштита низ светот.

Кувајтски лек за хомосексуалност, со драгичка

За лекот:„Тој е чиста наука и нема тука срамење“, вели изумителот, инаку докторка. За драгичката: се работи за чепчиња.

Зрели за трчање

Луѓето на возраст од 40 до 49 години конзистентно трчаат побрзо на маратоните отколку нивните помлади конкуренти, покажуваат новите студии на луѓето што ревносно мерат колку другите истрчале - Страва.

Погребите и крематориумите се аут; ќе нè прават компост

Беше прашање на време кога глобалниот тренд за барање „одржливи решенија“ ќе ја начне и оваа тема. Вашингтон е на чекор да стане првата американска сојузна држава која ќе дозволи умрените луѓе да се претвораат во компост.

Не спиеме доволно и тоа нè убива

Маж кој спие само 5 часа има видливо помaли тестиси од оној кој спие повеќе од седум часа. И, тоа е само еден од проблемите кој некако и може да се скрие.

Крај достоен на имиџот

Речиси 200 кила тежок Американец е најден мртов во ресорт во Тајланд прочуен по проституција. Излезе дека ова не е прв пат медиумите да имаат пишувано за човеков.

Да се сопре транс експлоатацијата на деца

Конечно, клиничари решија јавно да проговорат за тоа како ранливи деца збунети околу својот сексуален идентитет, премногу лесно и премногу неодговорно се брзаат кон транзитирање и промена на полот.

Фејсбук плаќа 20 милиони долари годишно за лично обезбедување на Закерберг

Она што Фејсбук радо го кажува е дека Закерберг добива годишна плата од 1 долар. Она што Фејсбук го кажува затоа што со закон е обврзан да го направи тоа е дека плаќа 20 милиони долари за личното обезбедување на Закерберг.

Франција нема да џвака бело

Франција забранува еден од често употребуваните адитиви во исхраната и козметиката. Шифрата му е Е171. 

Ние банкротиравме, а Амазон се фали колку биле дарежливи

Прво беше објавено дека Амазон ја зголемува минималната плата на 15 долари за час, за следниот ден да се надополни веста со информацијата дека во исто време се укинуваат бонусите што до тогаш ги добиваа најниско платените вработени. Ова не му посмета на Безос да ги прозива конкурентите да ја кренат минималната плата на своите вработени (овие пак му вратија со - а ти да почнеше данок да плаќаш).

„Ваистина воскресе“ со пресврт

Американски научници дошле до сознание кое внесува нови елементи во контроверзните дилеми околу еутаназијата, продолжувањето на некои политички или естрадни кариери и слично: успеале делумно да оживеат мозок од свиња, неколку часови откако животното било заклано.  

Assassin's Creed како основа за обнова на Нотр Дам

Драгоцениот објект изгоре, Макрон најави дека ќе го обноват за 5 години а преку ноќ од богатуни се најавија донации од преку 600 милиони евра (што покажува колку брзо можат безобразно богатите да решаваат светски проблеми, ако сакаат). За верна реконструкција на Нотрд Дам сега се појавува неочекувана помош: популарната игра Assassin's Creed. 

Без Кина, Американците ја горат својата рециклажа

Еко освестените Американци, сакајќи да го прават тоа што е добро, по навика и регуларно го одвојуваат отпадот за да оди на рециклажа, притоа не мислејќи баш многу каде тоа завршува. Завршуваше во Кина, ама до пред некое време. Сега им го горат, по дома.

Планетава е разочарана од тебе затоа што не мочаш под туш

Секој пат кога туширањето себично ќе го искористиш само за туширање пропушташ можност да и помогнеш на планетата Земја и да и заштедиш вода. За тие што не пропуштаат, планетата се гордее со вас.

Колку чини твоето евтино селфи со тигар?

Неуникатноста на фотките со тигри или лавови оди до таму што Тиндер во 2017 има проблем со преголемиот број корисници кои имаа ставено слика со некоја голема мачка, ситуација до која нема да се дојде кога кој било од тие корисници би требал да прави вакво селфи во природната средина на овие животни.

Зошто Хелсинки го корне асфалтот низ град?

Возење во центар на град во 21-от век е како пушење цигари во 20-от век. Сега знаеме дека не е здраво, некогаш не сме знаеле, ама сега знаеме, на кратко објаснува архитектот од движењето кое за малку не ги отстрани сите поголеми булевари низ главниот град на Финска.

Сериозен пораз за природната селекција

Холандски производител на путер од кикирики мораше да повлече цела серија од еден свој бренд од супермаркетите во Британија затоа што на теглите немало предупредување дека путерот од кикирики може да предизвика алергија на кикирики.

Нешто да те питам тато

Родителите цел живот им обесуваат на своите деца да ги чуваат работите, да штедат, да создаваат некаков капитал. И после сè, сето тоа да им го уништиш? Не поминува тоа без судски процес.

Црвенкапа укината заради ширење сексизам

Државно училиште во Барселона прави чистка во својата библиотека на книги кои „континуирано повторуваат токсични родови стереотипи“. На пример книги како Црвенкапа.