Поранешниот ѓубретар кој во 2002 освои рекордна премија на националната лотарија од 11,3 милиони евра, успеал за 10 години да ги потроши ама баш сите пари и денес седум дена во неделата работи како рудар во Шкотска.
Иако поарчил сума која на повеќето би им служела доживотно, вели дека сега е посреќен бидејќи му се вратил животот.
Тие години за Керол биле години на алкохол, дроги, секс, скапи коли, луксузни апартмаани и генерално разуздан живот. Денес не жали за ништо.
„Ништо од тоа не беше погрешно. Тоа беа забавни 10 години од мојот живот и кога би можел да го вратам времето, ништо не би променил, ни тогаш ни сега,“ вели просветлениот рудар.
Премијата ја добива на 36 години. Веднаш галантно се простува од 4 милиони, по еден за жена му и мајка ѝ, по еден за својата мајка и тетка.
Тоа сепак не му го спасува бракот па Сандра се разведува од него. Причините можеби лежат во некои други факти кои сведочат за неговото однесување во времето кога имал пари. 30 пати бил на суд за разни прекршоци а во сите три куќи кои ги имал, во радиус од неколку километри му бил забранет влез во пабовите.