За сега Ема е кукла со реална големина, а изгледот е според претпоставката на тим здравствени експерти за тоа како во иднина ќе изгледаат вработените доколку не се направат промени во работната средина.
Изгледот на Ема се базира на анкета на над 3.000 канцелариски вработени од Франција, Германија и Британија. Од анкетираните Британци 50% изјавиле дека имаат проблеми со очите, 48% изјавиле дека имаат проблеми со грбот, а 48% се пожалиле на главоболка како директен резултат на нивната работна средина, што било искористено во создавањето на моделот.
Освен погоре споменатите проблеми, Ема страда и од егзема, вишок килограми и потечени екстремитети како последица на стресот од работата.
„Доколку не направиме радикални промени на нашиот работен живот, како повеќе движење, посветување внимание на држењето што го имаме на биро, правење редовни паузи за прошетка или општо подобрување на начинот на кој ни е поставена работната средина, нашите канцеларии ќе почнат да нè прават многу болни,“ изјавил бихејвиоралниот футурист Вилијам Хајхам, кој го предводи истражувањето.