Половина од магарињата низ светот може да бидат збришани во следните пет години заради растечката побарувачка за нивната кожа за потребите на традиционалната кинеска медицина.
Желатинот е потребен за кинескиот лек еџиао и се добива од кожата на магарињата, а годишната побарувачка за него се покрива со околу 4,8 милиони магарешки кожи.
Според извештаите добар дел од побарувачката се покрива со крадење, а притоа не се бира дали е во прашање трудна магарица или прле.
Заради ова бројот на магариња во Бразил е намален за 28% од 2007, во Боцвана за 37%, во Киргистан за 35%, а ништо подобро не минуваат ниту магарињата во Кенија или Гана. Побарувачката доведе до скок на цените на магарињата за повеќе од два пати. Така на пазар во Кенија цената на магаре во периодот 2016-2019 е порасната од 78 фунти на 156 фунти.
Инаку лекот еџиао стотици години се користи во традиционалната кинеска медицина за подобрување на циркулацијата на крв и за лекување анемија.