Плаќање паркинг казни со донирање храна

Во САД станува популарна една иницијатива во време на празници кои се поврзани со софри и прејадување, казните за погрешно паркирање да се плаќаат со донирана храна која потоа им се дава на оние со помалку среќа и помалку софри во животот.

Во некои места, градови и универзитети во Америка, казната за паркирање може да се наплати со донирана храна со долг рок (конзервирана ). Тоа често се прави за време на празници како Божиќ и слични и на на тој начин и човекот и заедницата прават нешто добро за маргинализираните членови во нивните редови. 

Во Лексингтон, Кентаки, идејата се спроведува од 2013 година а слични инцијативи преземаат и поголеми градови како Лас Вегас како и високо-образовни институции.

Шемите се различни но обично секоја донирана конзерва се проценува на пет долари а надлежните простуваат 25% од висината на казната.

 

25 ноември 2019 - 08:22