Русија има „олигарси“, САД има „бизнисмени“

Во 150 статии на Њујорк тајмс, Си-ен-ен и Фокс, терминот „олигарх“ е резервиран исклучиво за милијардери со словенско потекло.

Иако американските меинстрим медиуми повремено ги референциираат САД како „олигархија“ (тројца американци имаат поголемо богатство од најсиромашните 50% од популацијата на САД), никогаш американските богаташи во медиумите поединечно не се нарекуваат „олигарси“.

Дури и во случајот на Дејвид Кох, човек е 11-ти во светот по богатство и 29-ти по моќ, и кој со своите пари финансираше негирање на климатски промени, борба против синдикати, против забрани за оружје, здравствена заштита и слично, и е совршен кандидат за титулата олигарх, во извештаите за неговата смрт, од меинстрим медиумите беше нарекуван „филантроп“ и „општествено проминентен“. Како што ќе забележат новинари, вон овие медиуми, Кох да беше Русин, тој ќе беше нарекуван исклучиво „олигарх“.

За да ја тестира ваквата поделба, fair.org ги анализира последните 150 статии (по 50 од секој) во Њујорк тајмс, Си-ен-ен и Фокс, пребарувајќи по терминот „олигарх“. Намерата им е да видат:

1. Кој е нарекуван олигарх?

2. Кои држави се сметаат за олигархија?

Откриваат дека олигарси се исклучиво луѓе со словенски имиња, а до сите 150 текстови, во само 2 западњаци се нарекуваат со овој термин. Едниот е гневна колумна во Њујорк тајмс во којa Елон Маск и Ричард Брансон се нарекуваат „ракетни олигарси“, а другиот е дел од програма на Фокс њуз во кој поборникот за контрола на оружјето Кори Букер се нарекува „уставен олигарх“. Во сите остани 148 случаи, олигарсите се од Русија или од поранешните држави на Источниот блок.

Во истиот примерок од 150 текста, Русија 89 пати е опишана како олигархија, додека Украина 35 пати.

„За споредба, само 1% од статиите ги споменуваат САД во врска со олигарси, што е посебно зачудувачки, имајќи предвид дека медиумите во примерот се американски и имаат одвоено далеку повеќе време, простор и зборови на американски проблеми отколку на источноевропски,“ пишува Алан Маклеод во текстот за Фер.

Ваквото етикетирање, во кое за едно исто однесување (во речник дефинирано како „поединец или група моќни луѓе кои контролираат држава или индустрија“) една група се нарекува „бизнисмени“ (кога не се филантропи) а друга „олигарси“, значи дека „американските елити тераат нормална економска активност или бараат начини за подобрување на животот на човештвото, додека другите злонамерно доминираат во политиката“.

„Иако сопствените елити на богаташи и моќници не ги етикетира како ’олигарси’, американските медиуми повремено признаваат дека самите САД се олигархија. Меѓутоа и тие признанија се ретки и спорадични. Вон ова, САД во извештаите предоминантно се претставени како демократија и сила која се бори за доброто.

А кога политичари како Берни Сандерс ќе кажат дека овие олигарси влијаат на медиумите, главните уредници гневно реагираат, тврдејќи дека тоа е смешно и дека е теорија на заговор. Колку чудна држава е САД - олигархија, без олигарси,“ пишува Маклеод.

4 ноември 2019 - 12:57