Живот и забава

Конго измисли 6.000 мртви, само за да продаваат вакцини

Од измислена смртоносна епидемија на измислени смртоносни сипаници во Демократската република Конго починаа измислени 6.000 луѓе. Нормално дека ништо од ова не е измислено, ама кој да се објаснува.

Не би да ви се мешаме во спална, ама, претопла ви е

Ако светиот грал на битките во дневната соба е далечинскиот управувач, драмата на спалната соба се врти околу температурата: обично на едниот му е претопло а на другиот преладно.

Упатство: Како медиумите да не му помогнат на Трамп да започне војна

„Лекциите кои требаше да бидат научени од Виетнам се заборавија во брзањето да се нападне Ирак. Денес, кога Трамп прави сè за да отпочне војна со Иран, се чини дека и лекциите од Ирак не се научиле. Ризикувајќи да повторуваме очигледни работи, еве неколку лекции за новинарите“, пишува уредник на Прес Воч.

Пипка-трепка на Јутјуб

Загадочен Јутјуб канал постираше и бргу потоа сокри колекција од 75 ретки и необјавени песни на Ролинг стоунс. Потегот најверојатно има врска со европските закони за копирајт по кои правата траат 50 години, ако никаде не се објавени.

Австриската филхармонија годинава со нов Радецки марш

Годинешната изведба на една од двете нумери што ги знаете од Новогодишниот концерт ќе биде малку поинаква од вообичаено, откако на Радецки марш му најдоа нацистички врски.

Индустриското јаболко и униформноста во исхраната

Иднината на јаболкото се вика космик крисп, јаболко со супериорно CV кое е наштимано на сите детали, дури и на тоа каков звук дава кога ќе се гризне. Како такво, лесно ќе ги победи инфериорните сорти на пазарот и кога ќе стане монополист, ќе се појави некоја болештина и ќе го уништи. Што тогаш ќе гриземе?

Москва има да биде бела, па макар и на сила

Новогодишната прослава во Москва ќе биде во снежна атмосфера без разлика што од 1886-та ова е најтоплиот декември во руската престолнина.

Кога завршува деценијава, сега или догодина?

Како што последен пат беше случај пред десет години, луѓето и сега не можат да се согласат кога завршува деценијата. Мнозинството смета дека со почетокот на 2020-та почнуваме да ја ситниме третата деценија од 21-ов век. Фактите се поинакви.

Славој Жижек: Нормално е сексуалноста да е перверзна

Феминистичкото отфрлање на Фројд води кон една залудна желба сексот докрај да се рационализира бидејќи тој во суштина е перверзен. Политички коректните препораки да не се зборува за убавото и убавите луѓе (да не би биле објективизирани) не им помага ни на грдите, порачува Жижек.

Пекара „Лудиот пекар“

Во болница за ментални болести во близина на Пекинг отвораат пекара во која ги вработуваат своите пациенти, а и сами го избираат името од насловот.

Дедо Мраз во твојата соба

Да ви обрати Дедо Мраз, лично, додека седитге во својата соба, ќе му се израдувате ли и дали ќе го направите тоа што ќе тој ќе ви каже? Тоа ѝ се случило на едно осумгодишно девојче во Америка.

80% од топ 10 филмовите за годинава се на Дизни

Ако до сега Дизни беше застрашувачки колку пари прави од филмовите (а и троши на нив), во 2019 неговата доминација достигна ниво „без преседан“.

Дали зеленчукот е вегански?

Во најновото поглавје на темата „веганите го запознаваат светот“, веганите откриваат што точно значи тоа што нивните зеленчуци (и останати растенија) се одгледувани со природно ѓубриво. И секако дека тоа им пречи.

Французите се кренаа против напаста наречена улични билборди

Додека во Лил активисти во знак на протест ги прелепуваат уличните билборди со бела хартија, Гренобл на ниво на град почна да заменува стотици билборди со дрвја.

Настинете си ко човек, за да не фатите грип

Ако сте настинати, имате 70% помали шанси истовремено да закачите грип. Ако баш не сакате така, тогаш фатете прво грип, делува истата финта.

Вечна им слава на некодошите

На денешен ден е родена Лепа Радиќ, девојка од Босна која на 17 годишна возраст била јавно обесена од нацистите откако одбила да си го спаси животот ако ги издаде другарите.

Скотови вегански

Од само ним разбирлива логика брачен пар вегани го држи своето новородено бебе на сирова веганска исхрана составена исклучиво од овошје и зеленчук. Бебето умира на 18-месечна возраст, со тежина од 7,7 кг.

Човекот со два комплета ДНК

Кога форензичари испитуваат ДНК на жртва или злосторник, сигурни се дека тоа е она ДНК со која човекот е роден а не ДНК од некој кој живее илјадници километри од местото на настанот.. Ама, можело и така.

Златен ориз ќе си имавме

Оризот бил модифициран да содржи витамин А во зрната и така да се спасуваат милиони деца и луѓе кои умираат или ослепуваат од дефицит на овој витамин. Но комбинација на врескава анти-ГМО идеологија и недоречена регулатива ја уби идејата.

Колатерално пиво

Властите на Јута уништија илјадници литри целосно исправно пиво затоа што не било во согласност со законите на сојузната држава во делот колку алкохол има во пивото.

Трчање пер пица

Пакувањата на храна освен рок на траење, калории, состојки, начин на подготвување и потекло, на себе треба да имаат и колку вежбање е неопходно за да се потрошат калориите од производот.

Кога храната ќе стане порно

Видео рецепт за мисирка полнета со пита кашкавал и прекирена со Читос чипс, е инспирацијата за новинарот на Би-би-си малку подлабоко да навлезе во светот на „фуд-порн“.

Скапав за тоа науката

Ќе го завешташ своето тело за научни цели и медицинки истражувања а тие ќе остават надвор да скапуваш и одвреме-навреме ќе те боцкаат за да видат до кај си.

Среќната девојка порано позната како веганка

Инфлуенсерка од вегански жанр умрела откако 30 дена јадела исклучиво месо. Шала, шала, ене ја поздрава од кога и да е порано.