Многу се ретки но постојат луѓе чиј стомак, поточно бактериите во него, можат да произведуваат енормни количини алкохол. Таквите знаат одеднаш да станат гипс пијани, без да пипнат алкохол. А вие давајте пари за пијачки и скенирајте сметки.
Синот на Леонард Коен реши дека вреди да се доработат и објават песните кои татко му ги пишувал кон крајот на својот живот. Леонард Коен зад себе остави 14 албуми додека беше жив, ова е неговиот прв кога е од другата страна на шанкот. Се вика „Thanks for the Dance.“
Сексуални работнички од Невада во која проституцијата е легална а деновиве е центар на интерес поради акцијата за упаѓање во мистериозната Ареа 51, планираат дебело да заработат од таа вирална акција организирана преку интернет. Само еден бордел кој е претворен во тематски забавен парк за возрасни, очекува да заработат 600.000 долари.
Како на редовен консумент на вести, една австралиска новинарка мислела дека ѝ се познати сите ексцентричности и стилски лудории на актуелниот американски претседател. Се нашла во САД и решила да види како изгледа една негова прес-конференција. После тоа, не знаела од каде да почне.
На северноамериканското небо денес има три милијарди птици помалку отколку во 1970 година. Парадоксално, најдобро минуваат оние птици кои се цел на ловци.
На човек најпаметно му е на празен стомак да не носи никаква одлука, освен онаа што да јаде. Во другите случаи покажува глупоќа, таканаречен „глупост на празниот стомак синдром“, кој се состои од тоа што се задоволуваш со помали награди, само ако ги добиеш брзо.
Никој не е пророк во своето село и тоа му се случува на денес веројатно најпознатиот Канаѓанин на светот, Џордан Питерсон. Кино по кино, дали арт или меинстрим, одбиваат да прикажат еден филм за него, или пак ги откажуваат веќе закажаните проекции. Главно, на невидено.
Канаѓаните легализираа продажба на марихуана и тоа требаше меѓу другото да помогне во закрепнување на „кутрите“ буџети. Во случајот со Онтарио целата работа тргна во друг правец и проблемите со пари само метастазираа.
Прастаро е тоа прашање, дали ужасите на војната нè тераат кон фаталистичкото „само Господ може да нè спаси“ или пак воените зла и неправди го зголемуваат сомнежот дека некој од горе води сметка за сè. Прашањето било тестирано на илјадници напатени луѓе, во две студии.
Во целата историја на посветено и професионално зјапање во небото, досега беше забележан само еден објект кој ни доаѓаше од надвор од нашиот Сончев систем. Сега е детектиран и вториот, од страна на аматер астроном од Крим.
„Permanent Record“ е насловот на автобиографијата на најпознатиот свиркач на светот, Едвард Сноуден чие излегување е најавено за 17-ти септември. За својата земја тој е државен непријател кој живее во егзил во Москва. Сноуден нема намера да ги брани Русите ама многу знае за тоа што прават Американците.
Во 2015, најголемите 6 производители на цигари прават поголем профит од Дизни, Кока-кола, Гугл, Мекдоналдс, Старбакс и Федекс, заедно. А тоа не се пари што се прават во свет што не пуши.
Една од дилемите која одамна мачи околу анти-ваксерите е: како не си го вакцинираш роденото дете, а си го вакцинираш кучето? А, кој ќе ти реши ваква дилема, ако не анти-ваксер.
Откако возач на Порше џип ја изгуби контролата на возилото, се качи на тротоар и уби три возрасни и едно дете, политичарите и јавноста во Берлин побара забрана за возење џипови „што наликуваат на тенкови“.
Предлогот за решавање на проблемот со финансирање на медиумите (и очајниот недостаток од истото) од група академици е секој навивачки да донира пари на медиумот што најмногу му се допаѓа. И тоа не сопствени пари, туку државни.
ЦД-то како медиум никогаш не успеа да создаде емоции кај публиката, и цената за тоа е што веројатно никогаш нема да дочека воскреснување, како она што им се случува на музичките плочи.
„Доаѓај и вади ме од овде!“, избезумен му се јавил на својот менаџер Фреди Меркјури за време на една сесија во студиото на Мајкл Џексон. „Како зошто? Па овој секој ден носи лама во студио!“
Британците решија дијагнози од типот анксиозност и депресија наместо со лекарства и какви се не хемии, да почнат да ги лекуваат со зеленило и градинарство. И за сега добро им оди.
Неколку илјади луѓе од градот се пријавиле за масовно палење скари пред домот на една веганка кој ги влечка комшиите по судови затоа што во свој двор знаат одвреме- навреме да запалат скара.
Веста е дека во хотел во Манчестер на гостин му наплатиле 60.000 евра за пиво. Деталот е дека гостинот што на сметка имал 60.000 евра за да му наплатат е новинар.
Кинески научници создале гел со помош на кој забите сами се обновуваат. Направен е од природните градива на забната глеѓ и го поттикнува забот самиот да се пополни без да му треба пломба. Засега резултатите се доста тенки но битно, системот функционира.
Нова студија околу безмеснатиот начин на живот дава мешани резултати: дека помага во намалување на срцевите заболувања, ама ја зголемува опасноста од мозочен удар, па ти бирај дал си слаб на срце или на мозок.
После само еден ден минати на нулта гравитација, преку 80% од клетките на рак биле умрени, утврдиле австралијански научници чии резултати потврдуваат едни претходни експерименти на нивни германски колеги.
Збеснат од секакви лудаци што се качуваат на Монблан, градоначалник на гратче на француските Алпи побара помош од Макрон во регулирање кој сè може да го искачува врвот. Сето ова многу им врска со еден Британец кој викендов нагоре качи машина за веслање, и ја остави.