Живот и забава

Зошто виролозите се поделени околу карантинот?

Главната мантра што периодов непрестајно се повторува е „израмнување на кривата“, што треба да спречи преплавување на здравствените системи низ светот со неподнослив број на пациенти, и нивно последователно крахирање. Ова пак се постигнува со само-изолација, која речиси неизбежно е на пат да стане 24-часовен карантин.

Можете ли да го убиете коронавирусот со UV зраци?

Накратко - не можете. Поточно, можете, ама топтан со вирусот да отидете и вие. Ама дека автобуси од јавен превоз можат да се дезинфикуваат на тој начин - можат.

Извинете, ама, ќе се избезумите

„Знаете дека сте стигнале до навистина интересно прашање кога никој на него не сака да одговори,“ цитира статијата од која ние двапати се избезумивме, прво кога ги читавме уверливо сложените наводи околу контроверзното потекло на вирусот и вторпат, кога ги пишувавме. А прашањето е едноставно: како сте сигурни дека коронавирусот е природен?

До тука сме стигнати затоа што никој не слуша доктори, ниту народот, ниту власта

Женевјев е медицинско лице од северо-источна Франција, Де Севр, и нема еден убав збор ниту за народот како се однесува сред пандемија, ниту за власта, објаснувајќи дека има многу повеќе заразени отколку што се кажува, и порачувајќи им на сите: „Французите не се ништо повеќе бесмртни од Италијанците.“

Дали е вентилатор или респиратор, карантин или изолација?

Да почнеме од најосновното: вирусот се вика САРС-КоВ-2, и тој ја предизвикува болеста ковид-19, а е дел од семејството коронавируси (или уште попрецизно бетакоронавируси).

И ние во изолација, и тој во изолација

Мадона велеумно ја нарече пандемијата „големиот еквилајзер“. Демек таа нè порамни, нè сведе на НЗС, сите сме конечно исти - луѓе кои во страв од глобалната зараза одбираат да бидат во изолација. Само што, има тука некои нијанси. Тајландскиот крал за самоизолација одбра хотел во Гармишпартенкирхен, за себе, послугата и харем од 20 конкубини.  

Имаме тест за ковид-19 кој дава резултат за 5 минути

Одобрен е во САД, за позитивен резултат доволни му се 5 минути, за негативен треба да се почека 13 минути. И е пренослив.

Вирусот мутира, ама, тоа му е работа

Оние што одблиску го познаваат и го посматраат, велат дека коронавирусот во извесна мерка веќе го има променето својот генетски изглед. Дали тоа значи дека станува поопасен за луѓето и што тоа негово менување значи за ефикасноста на идната вакцина?

Што се случува во белите дробови кога ќе им влезе коронавирус?

Од таканареченото респираторно дрво оди во коморите за размена на гасови. Од таму во воздушните џебови. Сакајќи да го исфрлат од себе воспалението, тие го шират во останатиот дел од белите дробови и доаѓа до пневмонија. Проблем е што оваа пневмонија не е иста како повеќето пневмонии поради кои луѓето завршуваат во болница. И знае да биде сурова. 

Можно е веќе да се заразени половина Британци

Заклучокот на експертите од лабораторијата за еволутивна екологија на заразни болести звучи шокантно. Но, во нивниот модел се кријат и позитивни епилози.

Ако некој знае изолација, астронаут знае

Парадоксална е таа нивна професија: за да стигнат таму каде што другите не можат, тие не можат да мрднат од своите тесни безвоздушни комори. Астронаути даваат совети како да се прегрми изолацијата и притоа да се сочува памет. 

Губењето на осетот за мирис е првиот симптом на ковид-19?

Кој ќе го знае дали ова е точно или не. Се работи за тн анегдотална евиденција, но, ако ништо друго, во цела прпа, и научната заедница почна да ги зема таквите случаи доста озбилно, нешто што во мирнодопски услови не би имало шанси да пројде.

Како се однесуваат супер-богатите среде оваа чума?

Во филмот „Вариола вера“ има вонвременски прецизна дефиниција за разликата меѓу женски полов орган и карактерна особина. Значи, како пизди. 

Како австриски скијачки центар ја рашири епидемијата низ Европа

Стотици пациенти со коронавирус од сите страни на Европа се верува дека болеста ја фатиле додека биле на скијање во австриски Ишгл (Тирол), а добар дел се поврзуваат и со еден популарен бар во градот.

Кинески фабрики работат 24 часа на ден за да произведат доволно вентилатори за светот

Од 20-ти јануари годинава Пекинг Аеномед нема затворено и нема прекинато со производство на вентилатори, а од пред две недели на фабричките ленти се и вработените кои никогаш претходно не се симнале во фабричките хали.

Во кои случаи се препорачува изолација од три месеци?

Британската влада ќе испрати 1,5 милиони писма до свои граѓани на кои ќе им препорача да се изолираат од општеството минимум 12 недели. 40% од нив се лица постари од 75 години но јасно е дека не се само тие. Кои се луѓето кои се сметаат за екстремно ранливи и што им се советува?

Холандија се одлучи на создавање групен имунитет од ковид-19

Пораката што вечерва ја имам за вас не е лесна. Реалноста е дека коронавирусот е тука меѓу нас, и сега за сега така и ќе остане. Не постои брзо или лесно решение за оваа интензивно тешка ситуација, порачува холандскиот премиер во објавувањето на одлуката дека земјата ќе се бори против коронавирусот преку создавање групен имунитет.

Пакет анти-хистерични вести

Се развива тест со кој ќе можат да се тестираат неколку илјади луѓе дневно, стапката на смртност во Вухан била помала од онаа со која се оперираше, 99% од настраданите од вирусот во Италија имале и друга болест.....

Во Јапонија се очекуваше експлозија на коронавирус. Зошто не се случи?

Јапонија е една од првите држави вон Кина во која се прошири коронавирусот. Моментално соседот на Кина е една од најмалку погодените држави во светот. Ваквиот статус е и покрај тоа што Јапонија не наметна ниту карантин како Кина, ниту изолација како Европа или САД.

Професор Јоанидис има да ни каже нешто

Сериозен американски професор ги става под прашање актуелните драконски мерки за глобално заклучување на државите. Не затоа што знае дека тие мерки нема да успеат туку затоа што знае како се донесени - без минимум потребни податоци и факти. „Можеби сме слон кој е нападнат од домашна мачка па за да ја избегне, решава да скокне во провалија“, вели Џон Јоанидис од Стенфорд.

Ќе го погоди ли берзата вистинскиот лек?

На вакцина за коронавирус и медикаменти кои би им помогнале на заболените се работи на неколку фронтови и трката е во полн ек. Некои решенија се во предност бидејќи веќе влегуваат во фаза на тестирање и немаат проблем со доброволци а адутот на други е што берзата верува во нив.  

Италија интервентно активираше 10.000 нови доктори

Околу 10.000 италијански студенти по медицина по скратена постапка ќе бидат прогласени за доктори и пуштени во оптек во здравствениот систем на земјата како дел од обидите за справување со вирусот од кој до сега починаа над 2.500 лица.

„Happy Hour“ за пазарење на пензионери

Еден американски ланец дуќани за храна воведе интересна идеја: во дел од денот нивните продавници се достапни исклучиво за возрасни лица.

Зошто баш сапунот врши толку работа против ковид-19?

Пали Тордарсон е професор по хемија на австралискиот Универзитет на Нов Јужен Велс кој во една реденка од речиси 40 твитови се обидува научно човечки да објасни сè што знае на тема сапун, и зошто тој е толку успешен во заштита од ковид-19. Спојлер: професорот неспоредливо повеќе е наклонет кон сапун во неговата оригинална тврда агрегатна состојба, а не течна.