„Тоа се оние кои се поклонуваат на олтарот на родовата флуидност и кои на секоја критика на идеологијата на трансродовоста гледаат на ист начин како што запенети верници гледаат на подбивање со Христос. Запознајте ги новите кенкачи, исто толку лоши како и старите“, пишува Брендан О' Нил.
Се работи за веста продукцијата на пајтоновецот Тери Гилијам на делото „Во шумата“ од Стивен Содхајм добила корпа од легендарниот лондонски театар Олд Вик, институција со 203 годишно постоење. Она што е мизерно е објаснувањето, неверојатно слично како во тешкиот социјализам кога забраните се правдаа со предизвиканиот револт кај работните колективи. Во театарскиот весник „Стејџ“ е објавено дека шоуто на Гилијам добило жестоки удари затоа што вработените во Олд Вик изразиле нелагодност од ставовите на Гилијам.
Тој во последниве години го поткачи движењето #MeToo, сметајќи го за лов на вештерки, рече дека е „уморен белите мажи да се обвинуваат за сè што не е во ред со светот“ и затоа едно време реши да биде црна лезбејка. Грев му е и што го бранеше Дејв Шапел, што за разбудените е рамно на правење пакт со ѓаволот.
„Ако се обистини дека делото на Гилијам ќе биде отфрлено поради неговите морални уверувања, тогаш е прилично јасно дека кансел културата е нов вид макартизам. Сведоци сме на враќање на црните листи, замрзнување на уметниците и креативците, не затоа што нивната работа е лоша - Гилијам е филмски гениј, а Сондхајм лично ги одобри неговите планови за Into the Woods - туку затоа што блебетавите кругови не ги одобруваат нивните политички ставови . Во Холивуд во педесеттите, бевте деперсонализирани ако сте имале комунистички наклонетост; во Британија од 2020-тите, ќе бидете исфрлени ако некогаш сте изговориле еден непријатен збор за транс. Крајниот резултат е ист – вие сте на црна листа како казна за поседување некоректни мисли“, пишува O'Нил.