Блесава дебата за диверзитетот на Пајтоновци покрена шефот на одделот за хумор и комедија на ВВС, Шејн Ален, кој гордо истакна дека неговата куќа е посветена да им дава „простор на приказните кои не се раскажани и на гласовите кои не се слушнати“, но на прашање околу „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“, ја кажа следнава небулоза:
„Ако денеска составувате таква екипа, тоа нема да бидат шест бели Оксбриџ дечки (Оксбриџ е кованица за оние кои одат на Оксфорд или Кембриџ - н.з.). Тоа денес би била поразновиден опсег на луѓе кои би го рефлектирале модерниот свет“.
Одговорот стигна од Карлови Вари каде Тери Гилијам го промовираше својот нов филм „Човекот кој го уби Дон Кихот“.
„Комедијата не се составува. Не е тоа како да правиш бој бенд па да има малку од ова, малку од она за секој да се пронајде во некој од нив. И мене и другите од Пајтон нè збеснува идејата дека шест бели Оксбриџ дечки денес не би можеле да прават комедија. Затоа веќе не сакам да бидам бел маж. Од денеска на светот му кажувам дека сум црна лезбејка. Се викам Лорета и официјално сум ЦЛТ (црна лезбејка во транзиција).
А и Џон Клиз имаше што да додаде: