Живот и забава

Саша Барон Коен се откажа од Фреди Меркјури

Британскиот актер одлучи да си замина од проектот за биографски филм за пејачот на Квин заради креативни разлики. Конкретно, останатите членови на Квин сакале филмот да биде класификуван во категорија достапна за деца.

Јакузата и неговото неонско Ламборџини

Неколку години Лук Хаксман снима кратки документарци низ Јапонија, откако пред 6 години пристигнува во земјата без да знае јапонски или да прави филмови. Сега решава да им се посвети на момци од јакузата и нивните супер автомобили.

Пoлноќ на авторските права

Вуди Ален и Сони мораа судски да докажуваат дека не ги повредиле авторските права на Вилијам Фокнер (умрен пред пола век) затоа што употребиле негов цитат во филм. Колку е таа ситуација со авторските права забегана говори и фактот дека ослободителната судска пресуда морала да биде образложена на цели 17 страници.

Подла машка победа

Изреката "тато носи, мама меси" одамна е сменета. Не затоа што мама веќе не меси туку затоа што таа е онаа која носи. А тато? Го дрви во кладилница.

Психологијата зад вестите на Фокс

Џонатан Филипс од Универзитетот Јеил и Ерик Манделбум од Универзитетот Харвад разговараат за психологијата што Фокс ја користи за спречување на критичкото размислување.

Твитот што ја предаде Џ.К. Роулинг

Веста е дека Џ.К. Роулинг ултра успешната авторка на Хари Потер, на целата своја слава и пари, решила да објави детективски роман под друго име (и тоа машко) Роберт Галбрајт. Тајната ја откри Сандеј Тајмс и се благодарејќи на еден твит.

Зошто комарците толку ти го имаат меракот

Не е лично до тебе, ама сепак има цела листа на фактори зошто комарците се посебно намерачени на околу 20% од човековата популација.

Ѕвезди за рентање

За колку пари богатите и славни ѕвезди се изнајмуваат себе си, на многу, многу, многу богатите ама и помалку славни.

14,15 и точка

Истражување, чии автори се најмногу горди на тоа што нашле начин како да ги натераат мажите да не лажат, покажало дека светскиот просек на машкоста е 14,15 сантиметри.

Од каде ги прави Дизни парите?

Филмот кој летово требаше да биде најголемиот блокбастер на Дизни, излезе најлошата инвестиција за компанијата оваа сезона, правејќи загуба од 190 милиони долари.

Највлијателните филмови во последните 100 години

Основата на влијателност ја одредува Википедија, на која со помош на алгоритам се избира по еден филм за секоја година.

Дали атеистите треба да вежбаат јога

Минатата недела судија од Калифорнија одлучи дека во локалните училиштата смее да се предава јога и покрај забелешките на родителите дека преку тоа се промовира "Источна религија."

10-те со парите

Иако глобално личи како Епл и Самсунг да даваат бескрајно многу пари за реклами, на ниво на САД тие се само на 12-то односно 15-то место по парите потрошени за маркетинг.

Колку пари се губат од мамурлак

Во седмицата околу 4-ти јули продажбата на пиво во САД ја надминува сумата од 1 милијарда долари. Работодавците знаат дека на 5-ти јули не треба да очекуваат премногу од своите вработени.

На папата му е мака од попови во џипови

Без да треба да вадат метафори и да читаат меѓу редови, папата Францис јавно порача дека му е болка кога гледа свештеници како водат скапи автомобили, и побара од нив да изберат нешто "поскромно."

Зошто цело време губите на автомати

Главниот успех на автоматите за коцкање во собирањето на вашите пари е да ви создадат илузија дека всушност победувате.

Големиот грабеж на вотка

Во филмски грабеж во Флорида украдена е вотка во вредност од 1,1 милиони долари, пари за кои од конкретниот бренд на вотка добиваш само 752 пакети (по цена од продавница).

Зградата што треба да прави магија

Планот предвидува трансформација на кулата на Бритиш Телеком во Лондон, која по комплетирањето на проектот ќе може да ја собира загаденоста во Лондон и да ја претвора во био-гориво.

ЕмТиВи за празник ќе пушта музика

По повод 4-ти јули ЕмТиВи реши да се врати на корените и повторно да пушта музички видеа. На 5-ти јули се ќе биде по старо.

Мажите што чекаат џепарац од сопругите

Во речиси половина од јапонските домаќинства сопругите го контролираат буџетот, ова значи дека тие контролираат и колку пари ќе му дадат на мажот за излегување и слични потреби.

Кои се најдобрите билборди за 2012-13

ИБМ со своите повеќе функционални билборди (со поента дека ИБМ ги прави градовите да бидат попаметни) го освои Гран прито во категоријата надворешни реклами на годинешниот Кан Лајонс Фестивал.

Пишман Гардијан

Гардијан има ексклузивен извор со уште еден огромен комплет докази за американското шпионирање и како европските влади го дозволуваат тоа. Откако објавуваат, решаваат да го гуглаат името на својот извор. Undo.

Како да се расправаш како стар пар

Старите парови ги решаваат конфликтите на тој начин што воопшто не ги решаваат, туку наместо тоа само ја менуваат темата на разговор.

Луѓето не можат да престанат да ги пиратираат Троновите

Најзборуваното ТВ шоу за годинава, во исто време според бројките на ТорентФрик ги држи и рекордите за најпиратирано шоу на сезоната.