Се вика Лоло Џонс и до неодамна беше позната како добро, но не најуспешна атлетичарка на кратки патеки.
30-годишната Џонс беше фаворитка за златниот медал на трката на 100 метри со пречки на Олимписките игри во Пекинг во 2008-та година, но се сопна и заврши на 7-та позиција, а на последната Олимпијада во Лондон заврши како 4-та.
Салото не трча ама затоа, добро е за залет, па Џонс реши да нафрли што е можно повеќе килажа затоа што реши да го смени спортот и на следната Зимска Олимпијада да се проба во боб.
На патеката во Лондон истрча со 58 килограми а моментално вагата и покажува 71 кило, благодарејќи на режимот на исхрана со кој секојдневно внесува по 9.000 калории.
"Порано ќе изедев два моркова и се плашев дека ја ризикувам следната трка. Сега само ми носат чоколади," вели Џонс која сериозно се подготвува за Олимписките во Сочи каде ќе настапи во санкање, спорт во кој масата има озбилна и некогаш решавачка улога.
Некогашната атлетичарка признава дека ова го прави од очај и дека ако земала медал на својот прв спорт, никогаш не би се откажала од атлетиката.