Шинејд и Мајли ја направија голема

Започна со "мајчинските" совети на Шинејд до помладата колешка од естрадата. Па Мајли одговори безобразно па Шинејд се шокираше и сега најверојатно ќе се влечкаат по судови.

Некогашната бунтовничка Шинејд О Конор и пиша на Мајли Сајрус отворено писмо во кое и кажа дека е загрижена за неа и за начинот на кој дозволува да биде проституирана од оние кои заработуваат на неа и нејзината 'шокантност'.

Младата безобразница одговори дрско, на Твитер, споредувајќи ја Шинејд со пореметената Аманда Бајнс по што ја потсети на нејзината серија твитови пишувани кога ирската пеачка доживеа нервен слом и заврши во болница.

Како капак на се, Мајли порача дека нема време да се расправа со Шинејд и ја искористи приликата да си го рекламира својот следен настап на СНЛ. "Ако сакаш да се видиме и зборуваме, пиши ми за тоа во твоето следно писмо," порача младата пеачка.

"Мајли, стварно? Кој побогу тебе те советува? Да ми се пушташ мене е уште поглупаво од тоа да се однесуваш како проститука а да го нарекуваш тоа феминизам. Користиш мои твитови кои се стари две години и кои се пишувани во време кога не сум била здрава и сум барала медицинска помош. А ја закачаш и Аманда Бајнс која исто така имала ментални проблеми. Имаш ли идеја колку е глупаво да зафркаваш луѓе заради болест? Не се секирај, и ти еден ден ќе страдаш од ист проблем. Стварно, кој те советува? пиша Шинејд О Конор.

Последна вест од О Конор е дека размислува да ја тужи Мајли Сајрус за навреда а последната вест од Сајрус е фото вест, која доволно зборува колку и значеле советите добиени од поискусната колешка:

 

5 октомври 2013 - 15:14