"Многу ни е жал за федералните работници кои се погодени од затворањето. Доброто завршување на работата дава големо задоволство, без работа која треба да биде завршена се губи чувството на исполнетост. Ова мора да е стресно. Ние баш разговаравме дека нашите производи го намалуваат стресот и создаваат задоволство. Одлучивме да поделиме подароци за да помогнеме," изјавил портпаролот на Vibrators.com.
Иако на сајтот нема некој систем за верификација за да докажеш дека си административец на пауза, од таму замолуваат посетителите да бидат коректни и да дозволат вибраторите да завршат кај луѓето за кои се наменети. Тие и јавно му се обратија на еден посетител од Статен Ајланд, кој пробал да нарача 6 вибратори "Те молиме замини. Не даваме вибратори на алчни луѓе. Што планираше да правиш со 6 идентични вибратори?"
Дневно тие ќе подаруваат по 200 вибратори, а секој од нив е 13 сантиметри долг и има дијаметар од 2,5 сантиметри.