Со новиот опуштен закон, секое лице над 18 години фатено со максимум 10 грама марихуана ќе треба да плати казна од 100 франци, а притоа прекршокот нема да му биде заведен во досие.
Според извештајот на О.Н. се проценува дека во светот околу 180 милиони луѓе користат марихуана, процените се дека од 8 милиони Швајцарци околу 500.000 рекреативно користат канабис.
Во дебатата, која се уште трае и покрај тоа што е донесен законот, двете страни се држат до веќе разработените ставови. Противниците на законот објаснуваат дека тој само ќе го олесни користењето, ќе ја популаризира марихуаната и дека таа и понатаму треба да се смета за нелегална дрога. Меѓу своите аргументи тие наведуваат дека секоја година марихуаната станува се посилна и посилна, пред се заради зголемениот процент на ТХЦ во неа.
Од друга страна приврзаниците за легализирање на марихуаната, објаснуваат дека таа не е и не треба да се смета за дрога, како и тоа дека овој закон ќе им ја намали работата на судовите кои годишно имаат околу 30.000 случаи поврзани со канабис.