Во просек анкетираните биле заинтересирани за малку повисока класа, не за улични проститутки, и плаќале некаде од 200 до 300 евра од час.
Никој од нив не бил заинтересиран за проститутки затоа што бил осамен, туку со нив можел да прави работи кои не можел да ги побара или да ги прави со партнерката. Дополнителна причина било и малку да се смени.
За нив предноста на проституцијата било и тоа што е лесна, дискретна и од нив не барала никаква посветеност. "Нема притисок и нема ризик да ти се меша со приватниот живот." Олеснителна околност за мажите било и тоа што не чувствуваат дека жената со која имаат секс ги осудува.
"Плаќањето значи дека можеш да ја избегнеш фазата на заведување, и ресторанот или киното, кои некогаш може никаде да не водат. На крај од денот ова може да испадне и поевтино," објаснил еден од анкетираните мажи.
Најголемиот дел од мажите изјавиле дека закажуваат само со девојки кои самите работат (без сводник), како и тоа дека многу повеќе им се допаѓаат полупрофесионалните проститутки отколку професионалките кои се многу "механички."