Pearl Jam е база за петмина креативни и надарени ликови кои си работат проекти кои им се занимливи но се збираат заедно затоа што им е важна нивната музика. Околу себе имаат една од најинтересните заедници на почитувачи кои од фан клуб, со текот на годините, прераснаа во своевидна социјална мрежа.
Новиот албум Lightning Ball го вадат на 15-ти октомври и тој веќе се стримува на iTunes.
Како единствен промотивен материјал за новиот албум пуштија серија разговори со продуцентот Џад Апатоу на теми: правење песни, одржување на инспирацијата, заедничкото музицирање, живеењето со семејство и одењето по турнеи, овозможувањето на другите да имаат слободен простор...