Прага се упристојува

Во обид малку од малку да ги расчистат улиците од пијани туристи кои ноќе шпартаат како Зомбија, властите на европскиот Лас Вегас го забранија пиењето на огромен број места во центарот на градот.

Во два наврата, прашките власти го забранија јавното алкохолизирање на вкупно 837 места во градот. Најголем дел од нив се во центарскиот прв дистрикт на градот. Очигледна е намерата алкохолот и неговите дејствија да се направат помалку видливи за притојниот дел од граѓаните и туристите и алкохолизираните да се тргнат кон периферијата и помалку посетените улички.

Ваквата одлука ќе се спроведува со помош на чесдти полициски патроли, повеќејазични знаци и казни од 45 до 450 долари за поекстремни случаи. 

Прага е убав град со евтини пијачки и многу стрип клубови и токму таквата понуда го прави една од омилените дестинации на младите од другите западни земји кои одбираат тука да ги поминат своите момачки вечери и други поводи за алкохолни дивеења.

Во слична ситуација се и други источноевропски земји. Хрватска, Бугарија и Латвија своевремено се молеа за туристи по која било цена но откако го видоа наличјето на таквиот туризам, увидоа дека не е најпааметно земјата да ти биде позната како алкохолно Елдорадо и решија да ги упристојат своите гости.

 

9 октомври 2013 - 09:57