Струката конкретно се вика финансиски терапевт, а од 2010-та тие имаат и своја асоцијација.
Целата работа функционира слично како брачно советувалиште, само наместо да ве помируваат со вашиот партнер, тие ве помируваат со вашите пари, поточно работи како: менаџирање на приливот на пари и долговите, константното помала заработувачка или преголемо трошење и донесување финансиски одлуки врз основа на емоции.
Симптомите по кои докторите ги препознаваат пациентите се ситуации кога талентирани поединци не можат да се издржуваат себеси и покрај сите предности, кога врските рутински завршуваат заради недоразбирања околу пари и луѓе кои внимателно ги исплаќаат своите долгови за по некое време повторно да заглават.
Што се однесува до профилот на пациентите, терапевтите објаснуваат дека тука нема правило и дека како и кај сите слични проблеми (со личното менаџирање на храна, алкохол, дрога, секс или вежбање ) и со парите може да заглави кој бил тип на човек.
Еден од нивните главни совети е дека импулсивното работење со пари е причината за најголемиoт број финансиски проблеми.