Вести

Книгата која Западот одбива да ја прочита

Си Џинпинг, во книга достапна и на англиски, отворено и јасно го опишува владеењето со Кина, историските причини за тоа, предизвиците со кои е соочена Партијата, специфичниот развој наместо имитирање на туѓите модели... Ако ѕирнат во неа, читатели на Западот би ја разбрале Кина, но и би се загрижиле зошто нивните власти не можат да ги препознаат болестите на системот.

Мрзливата Европа го преспа подемот на Индија и Кина

Економистот од „Голдман Сакс“ кој прв ја употреби кратенката БРИКС, уште пред 25 години ја предвиде улогата на земјите од развој на глобалната економска сцена. Но, во групата Г7 сè уште нема место ниту за Кина, ниту за Индија, затоа што „мрзливите“ европски нации љубоморно ги чуваат своите привилегии. Според Џим О’Нил, време е за сериозно надградување на тој систем.

ББЦ Државна

ББЦ ја паузираше шемата за ангажирање државни службеници од кои уште од првиот работен ден се барало да пишуваат новинарски статии и анализи за чувствителни теми како миграцијата и пандемијата на ковид. Стажантите биле претставени како членови на редакцијата. Тоа ја подгреа загриженоста дека јавниот сервис е пристрасен и дека владата има влијание врз известувањето.

Речник

Досега се повлечени 775 фабрикувани трудови за ковид и вакцини

Научно списание повлече труд за вакцинацијата против ковид-19, откако било откриено дека главниот автор вметнувал фабрикувани податоци и слики. Во трудот објавен пред четири години се тврдеше дека вакцинацијата против SARS-CoV-2 поттикнува создавање на силни антитела. Досега се повлечени близу 800 лажни студии поврзани со коронавирусот и вакцините.

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Бизнисот со онлајн рекламирање, освен што отвора сериозни прашања за нарушување на приватноста, може да послужи и како канал за големи шпионски кампањи. Израелската фирма за дигитално рекламирање помагала да бидат идентификувани и следени корисници кои посетувале одредени страници на интернет или користеле апликации со малициозни реклами.

Германска чизма буквално ќе стапне во Ирак

Згрозеноста со ИСИС ги натера Германците да прекршат ветување и пракса стара речиси 70 години, и за прв пат од Втората светска војна, да испорачаат воена опрема на една од страните во воен судир. Првиот добитник се Курдите, а пакетот е составен од најново германско оружје и опрема вредни околу 70 милиони долари.

Колку посамоуверен толку попаметен, па и да не е така

За да изгледаш самоуверен прво нешто што треба да направиш е да се убедиш самиот себе во нешто, без разлика колку тоа нешто нема врска со реалноста. Потоа на ред е да го убедиш остатокот од светот.

30 милиони долари за вестите што сите ги гледаат

Човекот почна со правење сатирични вести, за со тек на време да прерасне во главниот искрен извор на вести. Моментално е најплатениот водител на ноќните шоуа, со плата меѓу 25 и 30 милиони долари годишно. Џон Стујарт.

Како Стив Балмер се намести да плати 2 милијарди долари за Клиперси

Чисто финансиски, продажбата на Клиперси е еден од најуспешните проекти во историјата на бизнисот. Клубот во 80-те е купен за 12,5 милиони долари, а годинава го продадоа за 2 милијарди долари. Сумата е достигната само неколку месеци откако Форбс го процени клубот на 575 милиони долари. Парите ги плати Стив Балмер.

Упатство за уништување на ИСИС

Велт објаснува три методи со кои до сега државите решавале вакви проблеми - руски, американски и германски. Според нив, Германија треба да се држи до германскиот метод. Ама што и да се прави треба да се прави веднаш.

Слободни економски зони за германски уметници

На британските плажи се закопани над 30 златни шипки, а нивната локација единствено ја знае еден германски уметник кој и ги закопал таму. Кој си ги најде негови се.

Сметката за ќотекот во Фергусон

Заради користење сила при апсењe, користење солзавец и гумени куршуми, и сето тоа непотребно и со претерување, полицијата на Фергусон доби тужба од 41,5 милиони долари за прекршување на човековите права.

Да не си стегате душа на Твитер и Фејсбук за политика

На Твитер нема доволно место да кажеш што сакаш, на Фејсбук е многу веројатно дека пријателите ќе почнат да те откачуваат ако фатиш да ги труеш со политика. Ова пак создава проблем и кога си офлајн.

Непријатните фотографии на Путин со странски лидери

Едно човекот не сака премногу да се слика кога не мора (освен ако не е за кампања), друго, пола светски лидери му се лути или не се во добри односи со него. Ништо од ова не ја олеснува работата.

Бизнисот на киднапирање странци и луѓето што преговараат за нив

Фелата во себе е поделена на две страни кои заработуваат од овој бизнис - терористи и пирати кои киднапираат луѓе, и експерти за менаџмент на ризик и преговарачи кои се обидуваат овие луѓе да ги вратат живи. Жртвите им плаќаат на двете страни.

Порно битката на оперативните системи

Корисниците на Виндоус и Мекинтош се конкретни околу порното и бараат по име и презиме. За разлика од нив, Линукс корисниците повеќе одбираат порно по категорија. На крај, сепак сите ја сакаат Лиса Ан.

Како филмовите ви прават интересно

Темата ја разговараат научници и режисери, едните врз основа на макотрпни експерименти и анализи, другите врз основа на интуиција и искуство. Примерот им е сцената со формула од Ајронмен 2.

Новинарство на погон од носталгија

Иако насловот е подготвен за распалување со некоја тирада на тема новинарство и како не сме среќни од него, сепак се работи за многу покорпоративна тема - на новинари во редакција им пуштаат звуци од стара машина за пишување за подобро да работат.

Како Катар за беспари ослободи киднапиран Американец

За разлика од Фоли кој беше убиен откако ИСИС побара откуп од 100 милиони евра, викендов е ослободен Питер Куртис, кој пред 2 години беше киднапиран во Турција. За Куртис не беше платена ни пара.

Најскапиот развод на сите времиња?

Харолд Хам е 13-то дете во сиромашно земјоделско семејство. Неполни 70 години подоцна тој денес поседува повеќе нафта од кој било човек на светов (што не е крал или диктатор). Проценет е на 17 милијарди долари, сума која инстантно ќе се намали ако работите излезат по ќеиф на сопругата која од лани сака да го разведе.

Малезија ерлајнс со минус од 2 милиони долари на ден

Прво во март им се случи мистеријата со летот МХ370, која се уште не е разрешена, за минатиот месец летот МХ17 да настрада во украинско-рускиот судир. Сега компанијата не може да натера човек да и влезе во авион.

Ангелите на Њујорк Тајмс

Весникот вчера објавува профил за 18-годишниот Мајкл Браун. Обидувајќи се да направи понијансирана слика за него, Тајмс успева само да го навлече гневот на сите, откако опишува дека момчето "не било ангел," формулација што низ историјата ја имаат неколку пати искористено. На пример за Ромел.

"Кофа полна руини" предизвик

Се базира на предизвикот за АЛС, ама наместо мраз се користат руини и крш (по можност) од бомбардирана куќа на Палестинци, а целта е да се собере поддршка за Газа.

Кој не плаќа данок, има

Микрософт кон американската влада има сличен однос како другар што ти должи пари и секој пат кога ќе налетате еден на друг те поздравува, те гушка, и не ти ги ни спомнува парите, ама прашува како сте по дома. Само што во ова другарство Микрософт должи околу 30 милијарди долари.

Во меѓувреме на ТВ во Ирак

Не можејќи да поверува во тоа што го видел во живо, ирачки водител се расплакува сред емисија, велејќи: "Нашата држава е роза, а нејзините латици се христијаните, Арапите, Курдите, Сабијаните, Шабак народот..."

Бројките на ИСИС

Кога би ја прескокнале нечовечката заљубеност во уништување се' што не е нивно или не е по нивно, еве како би изгледал ревизорскиот извештај на групата.

Мајка на годината

Дебатата околу испраќање деца и тинејџерки на избори за Мис ќе ја оставиме за луѓе со подлабоки познавања од родителска психологија и остварување сопствени амбиции преку детето, сега би ја започнале дебатата за давање пантличара на ќерка ти за да ослабе.

Норвешките муслимани против екстремниот Ислам

Преку глава од тоа што локални (норвешки) и меѓународни (пред се ИСИС) радикали доминираат на тема Ислам, регуларните муслимани од Норвешка подготвуваат демонстрации против екстремизмот - и нам ни е страв, како и вам.

Дали би плаќале за интернет без реклами?

Под претпоставка дека цената за интернет без банери би била пониска од претплатата за кабелска телевизија, од 1.400 испитаници речиси нула се подготвени да платат за тоа. Прашањето е поставено во Британија, не тука.