За појаснување:
Рускиот метод е од 80-те, кога една либанска група киднапира советски дипломат. КГБ го лоцира семејниот клан што стои зад групата, и го киднапира синот на водачот на кланот. По ова водачот почнува да добива пошта. Еднаш тоа се отпечатоците од синот, друг пат, неговото уво. Наскоро рускиот дипломат е ослободен. По ова никој никогаш повеќе не киднапираше руски граѓанин на Блискиот исток.
Германскиот метод е од почетокот на 90-те кога германските градови одеднаш се преплавени со Роми што просат. Бон открива дека зад ова стои "ромски крал" од Романија, кој има намера да стане Европскиот крал на Ромите. Кратко по ова, Бон ги информира сите останати ромски кралеви низ Европа за планот на Романецот. Тие непогрешиво јасно му покажаа дека не сакаат император. За кратко време питачите ги снемува.
Американскиот е најтазе метод, и го применија на ал-Каеда во Ирак. Ал-Заркави сакаше да стане сунитски водач против владата доминирана со Шиити. САД прво се погрижија кланот на ал-Заркави да се откаже од него на секој можен начин. Потоа американската армија се осигура Сунитите да добијат заштита. Со поддршката на Вашингтон, сунитските кланови ја уништија моќта на Заркави. За возврат САД се погрижи ирачките Шиити малку да се смират.
Предлогот на Велт за германскиот метод трга од таму дека Абу Бакр ал-Багдади иако доаѓа од почитувано семејство, сепак неговото племе е само едно од многуте во Ирак.
"Безброј други племенски водачи не чувствуваат никаква наклоност кон тоа да му се потчинат на само-назначен "Калиф." Тие треба да се првата линија на одбрана на Западот. Крајно време е. Ако не се сопре блицкригот на ИСИС, ќе се наруши психолошкиот и политичкиот баланс на целиот Персиски залив."
Испраќањето оружје на Курдите е само привремено и веројатно неефективно решение, доколку не се создаде алијанса на племињата во Месопотамија. За суниските племиња да го отфрлат ИСИС, треба да имаат сигурност дека тие не се сами. Ова веројатно би значело и решителни потези од Ријад, Аман и Анкара. Плус финансиска помош.
"Кога би се напаѓал Багдади треба да се оди на неговите мегаломански излузии за создавање кралства кои би го опфатиле цел регион. Она што Западот по секоја цена треба да го избегне се знаци дека тие претпочитаат еден народ во регионот во односот на друг. Во овој случај, сè пропаѓа."