Оружјето, заштитната опрема (панцири, чизми, шлемови, облека) и опремата за комуникација, ќе биде доволна за опремување на 4.000 Пешмерга борци. Пакетот ќе биде испорачан кон крајот на септември во три пратки, а во него ќе има:
- 8.000 Г3 автоматски пушки и муниција
- 8.000 Г36 автоматски пушки и муниција
- 8.000 пиштоли П1
- 10.000 рачни гранати
- 200 анти-тенковски рачни ракетни фрлачи
- 30 МИЛАН анти-тенковски системи со 500 ракети
- 5 оклопни Динго пешадиски возила
Покрај ова Германија ќе испорача и 50 милиони евра хуманитарна помош во регионот.
Одлуката претставува сериозна промена во политиката на Германија по две основи. Прво, со неа се прекинува праксата на избегнување учество во судири надвор од Европа. Второ, го прекршува долгогодишното табу на вооружување на Курдите.
Токму по двете основи Меркел доби критика од опозицијата, дека ова значело воскреснување на германскиот милитаризам.
Моментално се претпоставува дека во ИСИС има над 400 припадници со германски пасош.