Гневот е дека текстот на Тајмс "не му служи на ниту еден друг наратив освен оној кој бара начин како да го претстави Браун како соучесник во сопственото убиство." Како релевантни делови од текстот се наведуваат секакви моменти од животот на Браун, од тоа дека слушал рап, до тоа дека шкртал на ѕидовите кога бил дете, "како начин да се опише млад човек кој има проблеми."
Она што најмногу ја вознемири јавноста е заклучокот на Тајмс дека Браун не бил ангел, "ознака која не служи на ништо друго освен да фрли сомнеж врз карактерот на млад човек кој 6 пати беше застрелан, и чие тело со часови беше оставено да лежи на попладневно сонце."
За споредба ова се ситуациите во кои Тајмс за некого зборува дека "не е ангел":
- Дилан Клеболд и Ерик Харис, двајцата тинејџери кои се одговорни за масакрот во средното училиште Колумбина: "Eric's parents knew their son was no angel — he broke into a van, he was found making pipe bombs and setting them off for fun — and they took steps to address this."
- Германскиот маршал од Ервин Ромел, водач на германската армија во Африка, веројатно најдобриот германски генерал и близок соработник на Хитлер: "Field Marshal Erwin Rommel, no angel, but an eventual enemy of Hitler whom the Führer allowed to kill himself with a poison capsule."
- Ал Капоне: "Al Capone of Garfield Place was no angel."
- Доналд Мануел Парадис, водач на банда: "Don Paradis was no angel. He was a leader of the Gypsy Jokers motorcycle gang back in 1980 and he allowed any number of nefarious types to have the run of his home in Spokane."
Споредба на текстот за Царнаев во Ролинг Стоун магазинот, и текстот за Браун во Њујорк Тајмс: