Мајка на годината

Дебатата околу испраќање деца и тинејџерки на избори за Мис ќе ја оставиме за луѓе со подлабоки познавања од родителска психологија и остварување сопствени амбиции преку детето, сега би ја започнале дебатата за давање пантличара на ќерка ти за да ослабе.

На неодамнешна епизода од Untold Stories of the E.R., медицинска сестра го раскажува случајот за една мајка која својата ќерка (инаку кандидатка за некаков избор на Мис) ја хранела со паразитот, за побрзо да ослабе и за да биде подобра од конкуренцијата.

Девојчето било примено во брза помош заради неиздржливи болки во стомакот, под главен сомнеж дека е трудна. Кратко по ова девојката е откриена во тоалетот, како вриска од болка над шолја полна со пантличара. Подоцна, по сериозна кавга меѓу двете, мајката признала дека купила јајца од пантличара од Мексико и ѝ ги ставала во јадењето на ќерката.

"Мајката цела пребледе. Почна да ѝ се извинува на ќерката. И липташе: 'Жал ми е. Знаеш, јас ова го правев само за да те ослабам. Ти требаше помош пред да излезеш на изборот,'" изјавила медицинската сестра за шоуто на Discovery Fit & Health.

За непотребно детално прераскажување на целиот настан ѕирнете тука.

25 август 2014 - 09:13