Во интервју за Асошиејтед Прес, Шели Стерлинг, сопругата на сопственикот, објаснува како на 24-ти мај Стив Балмер во 7 наутро и се јавил за итно да разговараат. Таа признава дека немала поим кој е Балмер, ама и изгледал "навистина ентузијастички."
Тие прв пат се сретнуваат на 25-ти мај, 4 дена пред објавување на продажбата. Стерлинг го опишува Балмер "дека бил како мало дете," додавајќи дека "бил многу возбуден и среќен."
Балмер прашал колку пари понудиле другите за клубот, и потоа тој понудил 1,9 милијарди долари.
Пред ова Стерлинг, на човекот за продажба му објаснила дека за Клиперси сака меѓу 1,5 и 2 милијарди долари. Во овој момент таа имала 1,9 милијарди долари, а ништо не направила. "Таа веројатно чувствувала дека останатите 100 милиони лесно ќе ги извади."
Така и се случува.
"Му реков: 'Нема да треба да градиш сала или терени за тренинг.' Значи добива добра зделка. Потоа му реков 'Имама одлични играчи, и добар тренер, а ти никогаш повеќе нема да имаш шанса да купиш тим од Лос Анџелес.'
После говорот, таа се присетува дека 'Тој рече, ОК. Ќе ти дадам две (милијарди.)' Тој навистина го сакаше тимот," пренесува АП, дел од преговорите за купување на Клиперси.
Пред разговорот со Балмер, најголемата понуда беше од продуцентот Дејвид Гефен, кој за клубот даде 1,65 милијарди долари.