Бројките на ИСИС

Кога би ја прескокнале нечовечката заљубеност во уништување се' што не е нивно или не е по нивно, еве како би изгледал ревизорскиот извештај на групата.

Моментално ИСИС има резерва од 2 милијарди долари, пари кои ги има собрано од неодамнешните воени победи. Талибанците се проценува дека имаат резерва од околу 560 милиони, Хезболах е на 500 милиони, ФАРК се 350 милиони, Ал-Шабаб е околу 100 милиони, Хамас 70 милиони долари.

ИСИС имаше стабилни приходи од нафта од околу 3 милиони долари дневно. Тие масивно се зголемија по освојувањето на Мосул во јуни (вториот по големина град во Ирак).

Моментално 6 милиони луѓе живеат под власта на ИСИС, а калифатот се простира на територија од околу 90 илјади километри квадратни. Македонија (без деловите што ни ги имаат земено на користење) има територија од околу 25,7 илјади километри квадратни.

Бизнис планот на ИСИС е да ги поништат границите од Сајкс-Пико тајната спогодбата од 1916-та меѓу Англија и Франција за поделба на сферите на интерес на Блискиот исток, и сите територии што тогаш се поделени во различни држави да бидат споени во една. Новата држава би имала површина од 1,2 милиони километри квадратни (заедно колку цела Екс-Ју, Турција и Грција).

Меѓу поамбициозните ветувања е дека ќе го освојат Рим и ќе го поседуваат светот.

Организацијата има околу 80.000 борци (доброволно или присилно регрутирани). Пред 3 години, тие имаа околу 1.000 вооружени милитанти.

Имаа изградено голема и софистицирана мрежа на Твитер сметки, кои го засилуваат ефектот на секоја порака што ќе биде испратена. Рекордот им е 40.000 твитови во еден ден од сметките на симпатизерите на ИСИС.

Годинава се убиени 7.087 ирачки цивили, рекорден број од 2008-ма до денес.

Имаат извештај од 410 страни, во кои ги имаат наведен сите свои активности:
- 160 самоубиствени елеци
- 336 напади со тешко вооружување
- 1.047 снајперски напади
- 1.083 атентати
- 607 минофрлачки напади.

93 воздушни напади на САД против ИСИС од 8-ми август.

ИСИС е втората по моќност воена сила на Блискиот Исток и заостанува само зад Израел.

од тука

25 август 2014 - 10:07