Делејќи ги парите што во земјата годишно се трошат на он-лајн рекламирање (6,4 милијарди фунти) со вкупниот број на интернет корисници во Британија (45 милиони), излегува дека интернетот без реклами би чинел 140 фунти годишно.
98% од луѓето што биле анкетирани, не се подготвени да ги платат овие пари за 365 дена отворање интернет без да гледаат банери. Во американски бројки, оваа сума е еднаква на околу 2 месеца претплата за кабловски и интернет.
"Уште поважна е главната поента: Како е можно на корисниците кои се под постојан бараж на сеприсутни реклами, од банери до поп-ап, толку едногласно да им е одбивно плаќањето за тргање на рекламите од нивните омилени сајтови? Веројатно тоа е поврзано со самата перцепција на интернетот.
Корисниците се уште се под впечаток дека интернетот е бесплатен, а всушност не е. Гугл, Фејсбук, Тамблр, Твитер и речиси секој друг бесплатен сајт, некако прави пари од своите корисници, а во тоа преовладуваат рекламите и продавањето податоци.
Ако постои некоја трансакција во целата оваа спогодба што е бесплатна, тоа е што корисниците ги подаруваат своите лични податоци на сајтовите," се објаснува во анализата што Мадерборд ја прави на истражувањето на Ебазинг.
Нивниот заклучок на кратко е - за интернет корисниците, рекламите се напаст, ама прифатлива напаст. За бизнисите и огласувачите, рекламите остануваат извор на поддршка.