Како филмовите ви прават интересно

Темата ја разговараат научници и режисери, едните врз основа на макотрпни експерименти и анализи, другите врз основа на интуиција и искуство. Примерот им е сцената со формула од Ајронмен 2.

Во анализите на научниците се заклучува дека луѓето се фокусираат на спротивставените суперхерои, посебно на нивното оружје и лицата, како и на деловите од автомобилот што се расфрлани наоколу.

На ова се надоврзува режисерот на Ајронмен, Џон Фавро, кој воодушевен од она што го презентира Смит, објаснува дека "Сето она што го гледате е вистинско, а сето она што не го гледате е лажно."

Сцената е снимана на паркинг во Лос Анџелес, а подоцна во неа преку ЦГИ се додадени публиката и бродовите на пристаништето. Токму ова се деловите на кои никој од испитаниците не им обрнал внимание.

"Постојано калкулираме каде мислиме дека ќе биде погледот на публиката, и како да го привлечеме во некоја област и да приоритизираме во кадарот што можеме да монтираме. Најдобрата алатка за специјални ефекти е мозокот на публиката. Тие ги составуваат различните делови за да направат нешто што има смисла," објаснил Фавро.

Работи што не можеш да ги лажираш, барем не без да те фатат, се лицата и физиката на предметите во снимката. Тој моментално работи на адаптација на Книга за џунглата и во неа речиси се' е направено со ЦГИ освен лицата на ликовите, бидејќи тие се премногу тешки за вештачки да ги создадеш.

"Исто е и со физиката. Имаш огромна количина на случајност во тоа како овие работи скокаат, се тркалаат или паѓаат во моментот кога ќе удрат на земја, а потоа и каква е нивната меѓусебна интеракција, а тоа е она што создава чувство на реалност," појаснува режисерот.

Научното објаснување на Смит за ова што го зборува Фавро, е дека ние само мислиме дека "визуелната перцепција е континуирана," а во основа ние гледаме една по една работа, "собирајќи една информација тука, потоа ги движиме очите за да собереме друга информација таму. За на крај некако нашиот мозок да ги собере сите овие делчиња заедно и да создаде едно уникатно искуство."

Смит признава дека во основа ова е нешто што филмаџиите го прават веќе цел век, и дека тоа е суштината на нивниот занает.

27 август 2014 - 12:28