Вести

Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

Се распаѓа прогресивниот проект на Педро Санчез

Социјалистичкиот премиер на Шпанија заслужи глобални аплаузи кога му одеше контра на Трамп и ја осуди војната со Иран. Но, дома му избега тлото под нозете. Во нокдаун го однесоа корупциски скандали на негови најблиски луѓе (жена му, брат му...) а ги запрепасти Шпанците кога легализираше половина милион илегалци. Подоцна десантот врз шпанската енклава Сеута покажа дека погрешно е да се романтизира таа тема. 

Може ли вештачката интелигенција сама да заслужи Нобелова награда?

Вештачката интелигенција веќе има помагано во освојувањето на Нобеловата награда. Сега се поставува прашање за следниот, многу поамбициозен чекор. Може ли таа сама? Да не биде само корисна алатка туку независно да постави хипотеза, да спроведе истражувања и да дојде до откритија што ја менуваат науката и животот?

Речник

Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Загарот од Хаунзлоу, Британецот што собори американска берза

Навиндер Сарао е човекот кој во 2010 помогна за крахот на берзата во Чикаго во која беа изгубени околу 1.000 милијарди долари, и сето тоа од дистанца од речиси 6.500 километри, од својата детска соба во лондонски Хаунзлов.

25 милиони луѓе во живо го гледаат градењето на болниците во Вухан

Една од мерките на кинеските власти за справување со коронавирусот во Вухан беше итна, ама итна, изградба на две привремени болници. Заедно со десетиците багери, булдожери, кранови и останата тешка механизација, на изградбата, преку интернет, беа присутни и милиони Кинези.

За половина Американци импичментот е губење време на Конгресот

Иако мнозинството Американци сметаат дека Трамп има дела за кои може да биде отповикан, тоа мнозинство се топи кога прашањето е дали тој треба да биде отповикан.

Побрзо од вирусот се шират само гласините за вирусот

Тоа што многу малку знаеме за коронавирусот (меѓу лекарите познат како 2019-nCoV) и начинот на кој се шири, не е причина „зналците“ од цел свет да не ги откриваат заверите кои стојат за него. Последната теорија за која чувме е дека вирусот намерно го пуштиле Кинезите за да ги смират протестите во Хонг Конг. Во продолжение, трите најчести конспирации кои се мотаат по интернет и како се тие склопени.

Каде сте Источноевропејчиња?

Додека лидерите на западниот дел од рајот на Земјата наречен ЕУ, кога ќе се сретнат со своите колеги од истокот на истоимената творба, сакаат да зборат само за кризата на демократијата и ерозијата на владеењето на правото, за хрватскиот премиер, кој од пред некоја недела го држи ротирачкото претседателство на ЕУ, иселувањето од Источна Европа е „егзистенцијален проблем“.

Муабет за фудбал на работа како расад за шовинизам?

Разговорот околу фудбал и општо спорт на работно место ги исклучува жените и доведува до машко однесување како муабетење за сексуални успеси, па заради тоа истиот треба да биде укинат.

Што ќе се случи на 31-ви јануари, Брегзит денот?

Во 23 часот во петок Британија и официјално (сега веќе без можност за одложување) ја напушта Европската унија. За разлика од 1-ви јануари 1973, овој пат ќе нема никаква свеченост за обележување на моментот.

Фудбалскиот навивач што ги откри криминалите на најбогатата Африканка

Португалецот Руи Пинто кој од гнев кон фудбалската индустрија го започнува сајтот Фудбал ликс, на кој објавува матни зделки и измами што се прават зад сцената, е човекот кој случајно доаѓа до документите за измамите на Изабел дос Сантос, најбогатата жена во Африка.

Што добиваат музичарите кога ќе освојат Греми?

Изразено во долари, наградите Греми кои штотуку се поделија по 62-ри пат, носат нула долари. Што не значи дека не се исплатат.

Патиките на Најк што ја пореметија дисциплината маратон

Во процедура која е стандардно резервирана за стероиди и нови допинг суплементи, World Athletics (поранешна ИААФ) спроведе истрага дали користењето на Најк Вејпорфлај патиките е исто што и мамење, и како резултат на тоа се очекува да ги промени правилата.

Луѓе, се ладиме

Нашата просечна телесна температура изгледа веќе не е 37 целзиусови степени. Во однос на луѓето од пред 160 години, денес сме некако покул. Ама само под мишка. 

Хилари Клинтон, лажната феминистичка икона

Вистинскиот проблем со „претставување“ не е дека нема доволно видливо моќни жени. Туку дека она што во нашата култура е претставено како феминизам всушност е корпоратизам.

Кога животот ќе ти даде комирани игуани, ти направи ѓувеч?

На Флорида периодов и се случи студен бран како од најкошмарните апокалиптични филмови и температурата на два дена падна под 5 степени Целзиусови (не минус, туку само беше 5 степени). На овие студови милионската популација на игуани почна да паѓа во кататонична состојба, што резултираше со речиси инстантно отворање на подзаборавените рецепти за готвење игуана.

Како Бин Салман упадна во телефонот на Безос, и зошто тоа е страшно за тебе

Ајде од вториот дел: најбогатиот човек на светот кој располага со речиси неограничени ресурси за да се одбрани од хакирање, ем не успеа да се одбрани, ем му требаа долги месеци истрага (и неброени пари) за да открие кој му упаднал во телефонот.

Откриена мистеријата како косата побелува од стрес

Феноменот е познат уште од кралицата Марија Антоанета, а опеан уште од кралот Мухарем Сербезовски. Луѓе од Харвард успеале да го сфатат процесот а можната еволутивна причина зошто е тоа така, ќе им се бендиса на оние со сребро во косите. 

Силициумската долина се претвори во она што требаше да го замени

Некогаш малите стартапи кои требаа да го уништат моделот на гигантите како што беше ИБМ со нивните мејнфрејм компјутери, во меѓувреме се претворија во токму такви гломазни компании. И мејнфрејм концептот го вратија, со ново име - клауд.

Твитер претседателот дава максимум од себе

Додека Демократите даваат се од себе за да им пројде импичментот, Доналд Трамп постави претседателски рекорд постирајќи 125 твитови и ретвитови во еден ден.

Турција ќе дозволи секс со малолетничка, ако потоа ја ожениш?

Турските парламентарци дадоа првична поддршка на законот кој ќе им дозволи на мажите да се извадат од обвинение за секс со малолетничка, доколку потоа се оженат со девојката. Освен женењето, втор критериум во законот е дека односите треба да бидат без „насилство и закани“.

Жената на која нема кој да ѝ ги издепилира јајцата

Не се зезајте, ова во Канада се смета за „лендмарк“ судски случај. Лице кое се претставува како жена закажува депилирање на своите интимни делови кај женски козметичарки, ќе дојде кај нив и ќе им ја падне вилицата кога пред очи ќе им ја истопори својата природна опрема која е скроз (1+2) машка. Овие ќе ја напудат од дуќан а таа после им бара отштета.

Пивото добива уште една благородна титула

Пивото не е само доказ дека Господ нè сака и сака да бидеме среќни. Пивото е и „животно за емотивна поддршка“. Така ги регистрирал своите пива еден Американец и тоа го сторил со една многу разумна, тоест трезвена причина. Со „животно за емотивна поддршка“ те пуштаат и онаму каде што забрануваат влез за обични животни.

Зошто Давос ја сака Грета?

Втора година по ред Грета им држи предавања на глобалните лидери и капиталисти во чии раце е судбината на добар дел од глобалната популација. Годинава, таму е и уште еден „радикал“, ко-основачот на Окупирај го Волстрит, Мика Вајт. И не е дека овие двајца се имаат продадено.

Меинстрим демократите повторно цвикаат од Берни Сандерс

Судејќи по ударничката поддршка што ја добива Елизабет Ворен од Сиенен и другите медиуми наклонети кон демократите во врска со нејзиниот отворен судир со Берни Сандерс, станува јасно дека популарноста на Берни и овојпат не ѝ одговара на партиската централа бидејќи неговите напади на Вол Стрит не им се бендисуваат на донаторите.

Кока-кола ќе продолжи да користи пластични шишиња, затоа што вие така сакате

Пластичните шишиња за една употреба нема да бидат укинати од Кока-кола и покрај целиот отпад што го создаваат на глобално ниво бидејќи се уште има голема побарувачка за нив од потрошувачите, изјави за Би-би-си директорката за одржливост на Кока-кола. Тоа што народ препека по Кока-кола во стаклените шишиња од литро, изгледа не се важи.

Вучиќ за Еуроњуз: Бркајте си работа

Српскиот претседател вика дека му е преку глава од тоа Запад да ѝ држи лекции на Србија за нејзините односи со Русија, Кина и другите, а истовремено 20 години да ја држи настрана од европската перспектива.„Еве и со Приштина да постигнеме договор, ќе биде тоа зелено светло?“ ги прашувал упорно тој своите колеги и секогаш добивал туц-муц одговори.