Беа Перез објаснува дека потрошувачите го претпочитаат ова пакување затоа што убаво се затвора и е лесно. Она што Кока-кола може и ќе го направи, според Перез, е до 2030-та да рециклира ист број на пластични шишиња колку што ќе употреби.
Компанијата користи три милиони тони пластични пакувања годишно, што е еднакво на 200.000 пластични шишиња во минута. Во 2019-та Кока-кола во глобалната ревизија на отпад од пластика беше прогласен за бренд што најмногу загадува.
Зборувајќи во Давос, Перез изјави дека компанијата го признала ова и дека сега мора да биде „дел од решението“.
Освен глава за глава ветувањето за рециклирање, Кока-кола се обврза и дека до 2030 планира нејзините пакувања да бидат најмалку 50% од рециклиран материјал.
Во однос на барањата веднаш да се откаже од пластичната амбалажа, Перез објасни дека ако се префрлат само на алуминиум и стакло, загадувањето од нив само ќе се зголеми.