Во 2009 та година, Њујорк тајмс објави една статија со наслов „После 44 дена во Белата куќа, косата на Обама обеле“.
Со многу анегдотални примери, приказната дека на луѓе знае за кратко време да им побеле косата ако се под силен стрес или доживеат некаков шок, со векови трае. Уште од апокрифното тврдење за Маерија Антоанета дека косата ѝ побелела буквално преку ноќ кога се нашла во револуционерниот суд.
Екипа на Харвард успеала да проникне во процесот. Стресот не ги убива клетките кои носат пигмент но затоа ги ремети матичните клетки од кои подоцна се прават клетките за пигмент. Со други зборови, фоликулата на влакното останува без резервоарите на пигмент кои се кумулирани во нејзината основа. Зад процесот стои автономниот нервен систем, односно симпатикусот, односно вродената реакција „удри или бегај“, во Галичник модифицирана како „ал ќа бегаме, ал ќа се предаваме“.
Интересни се претпоставките што во еволутивна смисла би можела да биде функцијата на овој процес.
„Бидејќи белата коса често се поврзува со возраста, таа може да асоцира на искуство, лидерство и доверба. Постојат видови горили кај кои некој може да се квалификува за лидер на кланот дури откако ќе му пораснат бели влакна на грбот, што е знак дека комплетно станал возрасен,“ велат двајца невролози од Вирџинија.
Со други зборови, можно е дека животно или човек кој преживеал и претрпел толкав стрес да „заслужи“ бели влакна, на овој начин се кандидира за повисока позиција во социјалната хиерархија од онаа која му следува со реалната возраст.
А сега: