Сметајќи дека овие бројки не кажуваат доволно околу тоа „како Американците се чувствуваат околу импичментот“, статистичарите се обидуваат да утврдат дали анкетираните сметаат дека процесот за отповикување е добро или лошо искористување на времето на Конгресот.
Заклучокот е дека мнозинството (51% од испитаниците) не смета дека Конгресот треба да го троши своето време на импичмент. Тука има сериозна поделба по партиска линија, па додека само 25% од демократите се согласиле дека Конгресот не треба да троши време на импичмент, дури 85% од анкетираните републиканци се согласиле со истото.
Од оние што изјавиле дека импичментот е губење време, најголемиот дел го изјавиле ова затоа што сметаат дека процесот го дефокусира Конгресот од многу поважни прашања за државата, а за 33% Трамп не направил нешто што заслужува импичмент. Кај испитаниците што рекле дека импичментот е добро трошење на времето на Конгресот, 55% изјавиле дека тоа е затоа што работа на Конгресот е да истражува потенцијални прекршоци од страна на претседателот.
Кога на анкетираните им бил оставен простор да кажат неколку зборови околу процесот на импичмент, кај републиканците 24% го употребиле зборот „waste“, додека демократите биле крајно разнолики давајќи им минимална предност на „necessary“ и „Trump“.
За статистичарите од сајтот 538, веројатно не е ни коинциденција што Трамп и неговите сојузници толку често ја користат фразата „waste of time“ кога го споменуваат процесот на импичмент.
Надоврзувајќи се на претходниот заклучок дека импичментот ја има зголемено популарноста на Трамп кај републиканците, кои изминативе месеци се станати се покомпактни во својот настап, анкетата покажала и дека републиканците се повеќе корист слични зборови за опишување на импичментот споредено со демократите кои остануваат помалку кохезивни.
Инаку, во вокабуларот на демократите не биле вклучени зборови како „Украина“ и „Quid pro quo“ кои се поврзуваат со сржта на обвиненијата против Трамп. Наместо тоа, почесто биле користени описи на траењето на процесот („долг“ и „бавен), ликот во центарот на драмата („Трамп“ и „претседателот“) или причината за постоењето на процесот („неопходен“ и „правда“).