Твитер претседателот дава максимум од себе

Додека Демократите даваат се од себе за да им пројде импичментот, Доналд Трамп постави претседателски рекорд постирајќи 125 твитови и ретвитови во еден ден.

Главна тема на твитовите на Трамп е процесот на импичмент и демократските конгресмени што се обидуваат да го отстранат од Белата куќа.

Трамп денот го почна со објавување на 41 твит и ретвит во периодот меѓу 6 и 7 часот наутро по швајцарско време (се уште е во Давос), кога ја набива и главната разлика.

Со ова Трамп за само 2 твита го подобри својот претходен претседателски рекорд што го постави пред нешто повеќе од еден месец. Претходниот рекорд беше поставен на денот кога се одлучуваше дали ќе се одобри започнувањето на постапка за отповикување на американскиот претседател.

Севкупно ова не е најплодниот Твитер ден на граѓанинот Трамп кој во јануари 2015 има објавено 161 пост. Тогаш твитањето беше за промоција на неговото риалити шоу.

23 јануари 2020 - 11:59