Препораката од британскиот ЦМИ (Chartered Management Institute) е дека претпоставените на работа треба да се потрудат да ги укинат муабетите за спорт.
„Голем број жени се чувствуваат исклучени од разговорот. Тие не ги следат овие спортови а не сакаат ниту да бидат присилени да зборуваат за нив, ниту пак да не бидат вклучени.
Немам ништо против спортските ентузијасти или фановите на крикет - сето тоа е одлично. Меѓутоа проблемот е што голем број луѓе не се крикет фанови,“ изјавува претседателката на ЦМИ, Ен Франке.
Како пример таа ги дава разговорите за ВАР технологијата кои според Франке се вовед во помашко однесување и ако се остави без контрола ќе доведе до ширење на машка култура на работното место.
„Многу е лесно да се ескалира од ВАР разговори , на потчукнување по грб и муабетење околу нивните (сексуални) успеси за време на викендот,“ алармира Франке.
Со вака модерираниот разговор на работа проблем има спортската новинарка Џеки Оутли, според која „ако забраниш разговор за фудбал или неврзано муабетење за која било тема, тогаш се што си направил е отуѓување на луѓето кои сакаат да разговараат еден со друг.“
„Би било многу, многу негативно да им кажеш на луѓе да не зборуваат за спорт затоа што девојките не сакаат или дека жените не сакаат, тоа ќе создаде далеку повеќе поделба,“ објаснува новинарката.