Од церемонии се знае дека на Даунинг стрит бр. 10 ќе биде прожектиран часовник што одбројува до брегзит, а Најџел Фараж во приватна режија ќе одржи прослава на Парламент плоштадот каде на јарболите ќе бидат развеани британски знамиња
По 31-ви Британија се уште останува на заедничкиот пазар на ЕУ и во царинската унија, и ова ќе трае се до крајот на 2020 како дел од договорите за транзиција. Во овој период Британија мора да ги исполнува сите обврски кои ги има потпишано за транзицијата, или во спротивно овие поволности инстантно се укинуваат.
Она што е матно и што не им е јасно ни на британските парламентарци е кои се точно целите и фазите на одделување и како ќе се развиваат. Во меѓувреме Борис Џонсон успеа сериозно да го намали мешањето на парламентот во договорот за брегзит, додека истовремено само спорадично споделува кои ќе бидат целите и црвените линии во преговорите.
Се очекува дека овие рамки ќе бидат откриени во претстојниот говор на Борис Џонсон кој треба да се случи во следните две недели.
Ако до сега двете страни го преговараа разводот, некаде пред март се очекува дека ЕУ и Британија ќе треба да почнат да ја договараат меѓусебна соработка. Кој ќе преговара за Британија исто така не е познато, но се поголема наклонетост има кон ангажирање на тимот кој го избори новиот канадски договор со ЕУ.
До 31-ви декември сè останува по старо и со Северна Ирска, во однос на граница и трговија. На темата ќе работи посебен заеднички поткомитет кој ќе треба да го разреши најголемиот спор во досегашните преговори за брегзит.